Какви тајни кријат женските брадавици?

Секс експерти одговараат на прашањата за женските брадавици поставени од мажите. Ова ќе ве интересира.

1.Брадавица - осетливост

Прашање: После секс, мојата девојка не сака да и ги допирам брадавиците, бидејќи тие се чувствителни.Зошто е тоа така?

Одговор : Најжешките ерогени зони поттикнуваат највисоко ниво при сексуална возбуда, со што тие стануваат чувствителни на допир. Исто како и на главата на пенисот кој може да биде пречувствителен за време и по огразмот, нејзините брадавици, исто така. Оставете ја откако ќе достигне оргазам, по кратка пауза тие повтроно ќе бидат активни.

2.Брадавица – големина

Прашање : Зошто некои жени имаат исклучиво големи брадавици, додека другите се навистина мали, дали големината е наследна или случајна ?

Одговор : Брадавиците се како отпечатоци од прст, никогаш нема две исти. Големината на брадавицата нема врска со големината на градите, ниту пак големината е наследна. Но постојат голем број фактори кои влијаат на големината на градите, како возраст, исхрана, бременост, менструација и целокупната телесна тежина.

3.Брадавица – превртена

Прашање : Имав секс со девојкaта за прв пат и одеднаш нејзините брадавици се превртеа.Зошто дојде до тоа?

Одговор : Tоа е нормално и не игра никаквa улога кога станува збор за стимулација. Ние тоа го нарекуваме "срамежливи брадавици". Тоа е само еден интересен начин нашето тело да се изгради поинаку. Тоа не ништо што треба да ве загрижи.

Глобалниот феномен и светската диџеј сензација HUGEL на 3 август во Охрид

Од сцените на Tomorrowland и EDC до магијата на „Билјанини Извори“, еден од највлијателните диџеи на денешницата, HUGEL, пристигнува во Македонија. На 3 август, Охрид ќе стане центар на глобалната клубска енергија со настап каков што досега не сме виделе на овие простори. 

Со над 1 милијарда стримови на дигиталните платформи, милионски прегледи на социјалните мрежи и бројни први места на Beatport, HUGEL е артист кој го редефинира звукот на денешната електронска музика. Како предводник на Latin и Afro House жанровите, тој ги спојува традицијата и културата на Медитеранот со современиот пулс на светската денс сцена.

Роден во Марсеј, кариерата ја гради во Франција, Шпанија и Ибица, каде што станува резидент во некои од најпрестижните клубови како Pacha и Ushuaïa. Неговиот глобален пробив започнува со “Morenita”, а се зацврстува со синглот “I Adore You”, песна која влезе во германската и британската топ-листа и стана масовен хит на TikTok и Instagram со над 36 милиони прегледи.

HUGEL е артист со статус на глобален феномен, со настапи на најпрестижните светски фестивали како Tomorrowland, EDC Las Vegas, Lollapalooza, Mysteryland, Parookaville и World Club Dome. Тој важи за еден од највлијателните диџеи на современата денс-сцена.

Концертот на HUGEL во Охрид ќе биде продукциски усогласен со светските стандарди. Организатори се Intermezzo Music Rituals во соработка со „Прагма продукција“ кои најавуваат: високотехнолошка светлосна продукција, мултидимензионални ласерски ефекти, LED визуелизации и сценски дизајн инспириран од светските фестивалски подиуми, саунд систем од највисок ранг и внимателно осмислен амбиент кој ќе понуди целовечерно аудиовизуелно доживување.

Публиката ќе има можност да ги доживее во живо траките што се вртат во сите клубови од Мајами до Берлин. Освен “Morenita” и “I Adore You”, HUGEL ќе изведе сет исполнет со неговите најнови ремикси и неиздадени продукции.

Ова лето, Охрид ќе стане дел од светската мапа на електронската музика. Еден од највлијателните диџеи на нашето време, HUGEL, го избра „Билјанини Извори“ како своја следна дестинација и тоа во екот на неговата најголема светска турнеја.

Бројот е строго ограничен, а интересот е очекувано огромен, затоа резервирајте го вашето место навреме. 

Картите се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и кај Аждер, а првите 100 билети ќе бидат достапни по промотивна цена од 1.500 денари.

Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5675

Како растевме, што преживеавме и каде сме денес: 2Бона го објавија ‘94 - прв чаптер!

По неколку месеци интензивна работа, македонското дуо 2БОНА на стриминг платформите го пласираа “Chapter 1” - првиот дел од албумот со наслов ‘94 – проект кој дава старт на летото на 2025 година и внесува свежина во регионалната музичка сцена.

2Bona го претставуваат првиот чаптер од новиот албум ‘94 кој што раскажува моќна музичка приказна за генерацијата која остави трага.

Албумот „94“ е инспириран од годината на раѓање на Кун и Тони, и претставува интимен, но истовремено енергичен белег на генерациите што растат помеѓу дигиталниот свет. Секоја песна носи дел од нивното лично и музичко созревање, измешано со современи битови, улична естетика и емотивни текстови.

Во овој прв дел може да се слушнат и видат 6 песни и 6 видео записи за истите - “Еверест”, “Ради реда”, “Лето”, “Еурека”, “Сука” и “Мозаик”

Мнозинството од песните од овој чаптер се колаборации со македонски артисти вклучувајки ги Тајзи, Барбара Поповиќ и младите артисти на Горила ТВ - Шаро, Инсерта, Фико, Муфи и Вански.

Во продукцијата учествуваа продуцентите Лазар Цветковски, Иле Спасев, Марио Јелиќ - Кун и Филип Андреев кои овој албум го обележаа со уникатен и квалитетен звук. 

„Со ‘94’ сакавме да ја раскажеме нашата приказна – како растевме, од каде почнавме, што преживеавме, и каде се наоѓаме денес. Овој албум не е само за нас, туку за секоја генерација која се бори да остави белег,“ – велат Кун и Тони. 

Албумот е достапен на сите стриминг платформи, вклучувајќи Spotify, Apple Music, YouTube Music и Deezer

Со „94“, 2Бона сакаат да пренесат јасна порака дека музиката може да биде и вистинска уметност но, и глас на генерацијата. 

Уживајте во првиот Chapter 1:

„Наша песна" на Ѓургевденскиот Фестивал во Бања Лука

Јана Стојановска е наш претставник на овогодинешниот интернационален Ѓурговденски Фестивал во Бања Лука кој оваа година го има своето 31 во издание. Дваесетина изведувачи од Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија, Литванија и Македонија донесуваат нови композиции за кои организаторот се надева дека ќе станат дел од секојдневието на генерацијата која расте и сака да расте заедно без никакви граници и препреки. Токму таква е и пораката која ја испраќа песната,, Наша Песна" која ја изведува нашата  единаесетгодишна Јана. 

Јана е ученик во V одделение при основното училиште Кузман Јосифовски - Питу во Скопје и од 2023 та е член е на хорот Златно Славејче. Автори на композицијата на Јана се Ристо Самарџиев и Давор Јордановски. 

Гласајте за „Наша песна" реден број 14 на нашата Јана ОВДЕ.

Популарно