Барате работа? Еве каде има работни места !

Електроелемент од Скопје бара магацински работник.

Потребни квалификации: - Средно образование - Познавање на електро и нелектро материјали - Работно искуство минимум 1 година - Возачка дозвола Б категорија Некомплетните и ненавремени молби нема да се земат во предвид при разгледувањето. Доколку сте заинтересирани за некоја од отворените позиции испратете го вашето CV со назнака за кое работно место аплицирате до ЕЛЕКТРОЕЛЕМЕНТ ДОО Скопје на адреса ул. Перо Наков бр.25, Скопје или на e-mail:[email protected] најдоцна до 30.06.2013 год.

Хотелско-угостителски објект во Скопје има потреба од работничка, за работно место хигиеничарка. Работата се одвива во смени со полно работно време. Ве молиме телефонски да се јавувате секој ден од 10:00 до 15:00 на 070-246-039!

 

Дооел Мебел-Ви Виница има потреба од вработување на еден Референт за продажба за работа во продажниот салон на Мебел-Ви во Кавадарци. Квалификации: -Завршено Средно образование -Искуство во работа со мебел(монтажа на мебел). Вашата Кратка Биографија и Копија од Диплома за завршено средно образование можете да ги доставите во салонот на Мебел-Ви во Кавадарци или на Mail: [email protected]

Аптека од Скопје има потреба од фармацевтски техиничар без работно искуство со или без лиценца за работа. ТЕЛ.070817880

Компанија има потреба од вработување на електричар/електромонтер, со или без работно искуство, КВ (техничар), на неопределено работно време. Сите заинтересирани да испратат кратка биографија или порака со телефонски број за контакт на е-маил [email protected].

Фирма за изработка на ковано железо вработува Архитекти и Монтажери Тел за контакт: 02-3095-122 или моб. 078/430-543

Ресторан Канцона има потреба од куварка и салатерка. Информации на тел. 075430334 или во ресторанот на ул. Миле Поп Јорданов блок 9 и 10, локал 6 и 7 (спроти Алумина), Скопје

Модна конфекција од Ѓ.Петров бара: -5 шивачки со работно искуство за производство на женска конфекција -2 пеглачки со работно искуство за завршно пеглање на женска конфекција Тел: 2045 113

Арт Принт Студио како водечка фирма во графичката индустрија има потреба од дизајнер/ка со следниве спосбности: Одлично познавање на графички програми: Corel, Photoshop, Indesign, Ilustrator ... Комуникативни способности со клиентите. Навремено и одговорно однесување према зададените временски рамки за завршување на задачите. Брзо и квалитетено решавање на дизајните бараните од клиентите. Соработка со веб страни, форуми и други извори за изнаогање на темплејти, слики и вектори потребни за изработка на дизајните. Дизајнер со искуство во плотер и офсет печатење. Предност ке имаат кандидатите кои имаат искуство во графичките услуги: Монтажа на плочи за офсет, Штанцање, плотер, злато отиско, виткање, хефтање, прецизно користење на пантон и цмѕк карта со дефинирање на крајниот производ во финална фаза во контрола на бои. Минимално искуство во печатници 2 години. Вашите ЦВ-а пратете ги на емаил: [email protected]

Извотр : Пресс 24

Кој на која фотелја ќе седне и зошто?

Во дискусиите за реформата на јавната администрација, кои се чини дека секогаш се актуелни, сѐ повеќе се зборува за мерит принципот (или принципот на заслуга) при именувањето на функционери, односно за професионализацијата на раководните позиции во јавната администрација (што би значело дека нив треба да ги пополнат лица со соодветни компетенции и програми). Различни субјекти и организации говорат на оваа тема од различни перспективи.

Домашните стручњаци и невладините организации бараат поголема имплементација на принципот на мерит. Странските експерти често нѐ советуваат како да ги измениме законите за да добиеме посоодветни директори, а меѓународните организации нѐ уверуваат дека тоа ќе нѐ доведе поблиску до интеграција во Европската Унија.

Опозицијата (независно кој ја сочинува) често критикува дека се именуваат некомпетентни лица на раководни функции. Власта, пак, независно кои партии ја сочинуваат во даден временски период, се чини дека не сака да ги напушти повеќедецениските практики да ги именува директорите, членовите на управните и надзорните одбори и слично исклучиво според сопствените преференции и партиската припадност, занемарувајќи ги професионалните компетенции.

Следствено, во епизодата „Кој на која фотелја и зошто?!“ зборуваме за примената на принципот на заслуги во јавната администрација во Република Северна Македонија. Кои позиции треба да се пополнуваат исклучиво според принципот на заслуги? Постојат ли позиции за кои, освен компетенции, е потребна и блискост до програмските определби и политиките на Владата? Како да се осигураме дека едно директорско место или друга функција ќе ја пополни соодветно лице? Може ли да важат истите правила за сите директори (на класичните органи на државната управа, на јавните претпријатија, на јавните установи)? Треба ли да постојат управни одбори во органите на државната управа и јавните претпријатија? Зошто претходната Влада од 2018 до крајот на мандатот го најавуваше Законот за висока раководна служба, но тој не се усвои? Потребен ли е ваков закон? Како се злоупотребува можноста за именување на в.д. директори?

На овие теми дискутираме со проф. д-р Ана Павловска-Данева од Правниот факултет „Јустинијан Први“, воедно и уставен судија, и со Јулијана Караи која е Виш истражувач во Институтот за Европска политика – ЕПИ.

Имаат ли перспектива младите во државава?

Драги пријатели, со голема радост го споделуваме првиот подкаст на Македонско-американската алумни асоцијација од серијалот ‘The Voice of MAAA’ (Гласот на МААА) при проектот ,,Алумни поддршка на волонтерски и воннаставни активности".

Подкастот е на тема „Перспективите на младите луѓе во нашата земја„ и во него гостуваат нашите членови Бојан Кордалов, комуниколог и Иван Дургутов, младински активист, а го модерира Катерина Топалова, новинар.

Се надеваме дека гласот на нашите членови ќе допре до младата популација во нашата земја, како и до сите заинтересирани за темата. Уживајте!

ВИДЕО: Гори мотор на Теодосиј Гологанов во Скопје!

Втор пожар денеска во Скопје. Не толку голем како оној во Универзалната Сала, но доволно силен за да ги вознемири жителите на населбите Тафталиџе и Козле. 

Во пожар изгоре мотор на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов веднаш до комплексот Гранд Престиж. Засега нема информации за повредени или пак за тоа како настанал пожарот.

Видеото можете да го погледнете на линкот подолу.

Испратено од: Сара

https://youtube.com/shorts/20hGpiR-0SU?si=DFfQ5VxsyiO-B7dw

Популарно