Математика пред мечот со Австрија

По првите две кола на европското ракометно првентсво во Данска македонската репрезентација освои само 1 бод и се наоѓа на делбата на последното место што води во понатамошната фаза со репрезентацијата на Чешка. Завчера сите го славевме бодот кој ни ги отвори вратите за втората група, но сеуште не е се завршено. Бодот не донесе до вратите, но сега ни треба уште една мал чекор. 

makedonija-rakomet-29ma

Нашата репрезентација го игра мечот со Австрије 2 часа пред Данска и Чешка,  па нашите момци нема да го знаат исходот од тој меч на време и ќе мораат да дадат се од себе. Ова се сите комбинации од денешните два меча во нашата група:

1. Да ја победиме Австрија.

Во овој случај сме сигурни патници во следната група, а во дуелот Данска-Чешка ќе навиваме за Данска за да носиме два бода во следната рунда од победата со Австрија.

2. Ако одиграме нерешено со австријците

Во ваков случај ќе имаме два бода, па многу работи ќе зависат од дуелот Данска - Чешка.

Доколку победи Данска, Македонија оди понатаму со еден бод од дуелот со Автсрија.

При победа на Чешка, Македонија го напушта првенството.

3. Пораз од Австрија

Најлошото можно сценарио е секако пораз од Австрија. Во овој случај повторно ќе го чекаме исходот од натпреварот меѓу Данска и Чешка.

Ако победи Чешка, македонските ракометари ги пакуваат куферите и ја напуштаат Данска.

Доколку победи Данска, Македонија и Чешка ќе имаат по само еден бод и тоа освоен во меѓусебниот дуел, па за патникот во следната фаза ќе решава вкупната гол разлика на овие две репрезентации.

Македонија во моментов има -8, од поразот со Данска.

Чешка е во негатива од -10, од поразот со Австрија.

Што значи дека за наш пласман во ваков расплет на настаните потребно ни е да загубиме од Австрија со само еден гол поголема разлика од победата на Чешка над Данска. Ако ние загубиме 5 разлика, Чешка „смее“ да ја победи Данска со 6 разлика. Ако победи со 7, во следната фаза одат чесите.

Или сето ова кажано во една реченица, Македонија оди во следната фаза во секој случај освн при висок пораз од Австрија и победа на Чешка над Данска.

Многу математика и разни комбинации. Секако најубаво би било ние утре да ја победиме Австрија и заслужено да одиме понатаму. Во вториот дуел од нашата група во секоја комбинација ни одговара победа на актуелниот европски првак и домаќин на ова првенство Данска, што барем на хартија изгледа многу реално.

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

ФК Вардар: Историјата ќе памети кој не избрка од Градски

Oд редовите на Вардар денеска преку социјалните мрежи ја информираа јавноста дека клубот до крајот на сезоната своите натпревари ќе ги игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Соопштението кое е објавено на социјалните мрежи на клубот ви го пренесуваме во целост.

„Поради потценувачкиот однос на ПУИГ кон Вардар, нашиот клуб до крајот на оваа сезона нема да настапи на Градскиот стадион во Скопје. И покрај фактот што уредно испративме допис во кој јасно наведовме дека сумата за изнајмување на стадионот ќе ја исплатиме во целост, добивме негативен одговор по однос на нашето барање. Да напоменеме дека покрај се, понудивме и механизам преку кој можевме да постигнеме заеднички договор, но сепак и во однос на тоа бевме категорично одбиени.

Ние ниту го создадовме, ниту го продлабочивме долгот на Вардар, а згора на тоа континуирано се трудиме истиот да го намалиме. Вие, ,,господа” од ПУИГ, денес ја затворивте вратата за најтрофејниот македонски фудбалски колектив и одлучивте да не бидете дел од една искрена приказна која ја создаваме. Никогаш нема да го заборавиме ова и никогаш нема да ви го простиме!

Вашите имиња ќе стојат засекогаш на столбот на срамот, во вашите удобни фотељи никогаш повеќе нема да седнете мирно.

За крај, би сакале да Ви порачаме дека Вардар вам ништо не ви должи. Од денес вие сте тие кои должите. Вашиот понижувачки чин скапо ќе го платите, а Вардар ви ветуваме дека кога-тогаш повторно ќе заигра во својот дом…дом во кој вие никогаш нема да се почувствувате како домаќини!

Вардарци, наши верни навивачи, утре го играме најважниот натпревар. На нашите фудбалери им е потребна поддршка повеќе од било кога. Затоа, масовното присуство на стадионот ,,Борис Трајковски” е неопходно за победа!“,објави Вардар.

Популарно