Кајмакоски со солзи во очите одговараше на новинарските прашања!!!

Македонија го доби тоа што го заслужува Даниел Кајмакоски е победник на првото музичко издание на Х-Фактор Адриа

DDD

Во финалната „борба“ помеѓу Даниел и Тамара, публиката се одлучи за нашиот претставник, кој од почетокот на шоуто важеше за главен фаворит за победа.

- Не знам што да кажам. Цел живот го чекав ова. Знам дека моите ќе бидат многу горди на ова. Верував во себе, но ова е нешто фантастично – изјави Даниел после неговата победа.

извор: телеграф.мк

Инстаграм со нова интересна опција за објавување фотографии

Инстаграм платформата воведува неколку нови функции за своите популарни Stories.

Најважна меѓу нив е функцијата „Откријте“ (Reveal), која им овозможува на корисниците да креираат скриени „приказни“ кои нивните следбеници ќе можат да ги откријат само доколку побараат дозвола од авторот преку приватна порака.

-За да креирате тајни приказни, треба да кликнете на иконата за налепници на горниот дел од апликацијата, да ја изберете функцијата „Откријте“ и да креирате „приказна“ на Инстаграм која ќе биде замаглена за сите корисници, пренесува Tech Crunch.

Компанијата верува дека новата функција ќе послужи како можност за почеток на разговор со пријателите на Инстаграм.

Во апликацијата е интегрирана и функцијата „Додај своја сопствена музика во приказни“, така што корисниците ќе можат да ги споделуваат и своите омилени песни.

Корисниците исто така ќе можат да додаваат рамки, па фотографиите додадени во „приказните“ ќе изгледаат како снимки од Полароид.

Младата месечина во Бик го менува животот на три хороскопски знаци

Младата месечина во Бик не очекува утре во 5 часот и симболизира нов почеток во животот.

Младата месечина во Бик носи чувство на стабилност, практичност и сензуалност. Бикот како земјен знак ги симболизира темелите, материјалната сигурност и уживањето во животот.

Кога младата месечина ќе се појави во овој знак, се нагласува потребата за чувство на сигурност и удобност во животот.

Овој период може да ја поттикне желбата за практични активности поврзани со финансиите, работата и материјалната благосостојба. Луѓето можат да бидат особено фокусирани на создавање стабилна основа за нивната иднина, без разлика дали тоа е финансиско планирање, инвестирање во недвижнини или развивање вештини кои можат да им помогнат во нивните кариери.

Бикот владее и со сензуални задоволства и телесни задоволства, па младата Месечина во овој знак може да ја поттикне желбата за уживање во сензуални искуства и задоволства како што се добар оброк, релаксирачка масажа или романтична интимна врска.

Покрај тоа, Бикот е поврзан со природата и физичкиот свет, па новата Месечина во овој знак може да ги поттикне луѓето да се поврзат со природата, да уживаат во прошетките во природа или да поминуваат време во градината.

Младата месечина во Бик носи можност за воспоставување стабилност, уживање во сензуални задоволства и поврзување со природата, нагласувајќи ја важноста на материјалната сигурност и практичноста во животот.

Младата месечина во Бик носи нов почеток за Бикот, Девицата и Јарецот.

БИК

Ова е период од годината кога е добро да започнете нешто ново. Секоја иницијатива е добредојдена.

ДЕВИЦА

Новата месечина ви носи можност за патување и одлука да патувате повеќе до крајот на 2024 година.

ЈАРЕЦ

Одличен период за почеток на нова романса и запознавање. Од вас се очекува да излезете на јавно место.

Ова се 4те најнепредвидливи хороскопски знаци

Секогаш е непријатно кога не знаете што да очекувате од другата личност во која било смисла. Ова се непредвидливи хороскопски знаци кои сигурно ќе ве натераат да се намачите.

Чудните и неочекувани промени на расположението се многу карактеристични за овие луѓе.

Тие можат да се предомислат во секунда и да донесат неочекувана одлука која ќе ги збуни сите, а тоа е особено незгодно ако сте во блиски односи со нив. Од друга страна, понекогаш знаат да изненадат на убав начин.

Непредвидливи хороскопски знаци

Овен

Овенот е управуван од Марс, па тоа е доволен показател зошто овој знак е непредвидлив. Бидејќи се под влијание на таква страсна и експлозивна планета, Овните ретко се во состојба на стабилност и се подложни на нивните моментални импулси. Покрај тоа, претставниците на овој знак знаат да испробуваат нови работи и често одат на тоа без многу размислување. Сепак, ова е проблематично кога станува збор за расправии бидејќи некои зборови навистина можат да ги навредат нивните најблиски.

Близнаци

Двојната природа на Близнаците истовремено наидува на одобрување, но и на отворено непријателство меѓу луѓето. Поентата е дека непостојаноста на Близнаците понекогаш им годи и ги наградува другите со позитивна енергија, принудувајќи ги да се движат наместо пасивно да останат на место. Меѓутоа, често таквата спонтаност е сосема несоодветна. Не секој е подготвен да ги промени своите планови со молскавична брзина, прилагодувајќи се на новото расположение на Близнаците.

Шкорпија

Вродената таинственост на Шкорпиите понекогаш ниту на нив не им оди од рака, а камоли на луѓето околу нив. Иако внимателно ги кријат своите чувства од другите луѓе, во последен момент ќе ги изненадат своите сакани со неочекувани промени, принудувајќи ги да играат по ново сценарио. Можеби претставниците на овој знак треба повеќе да се отвораат кон другите и да ги изразат своите емоции за да биде поразбирливо и поочигледно во очите на другите.

Водолија

Дури и Водолиите сами по себе не знаат што има во главата на главниот револуционер од зодијачкиот круг. Претставниците на овој знак се свесни дека им предизвикуваат непријатности на луѓето со нивното променливо расположение, но тоа само ги забавува и ги прави горди на сопственото изненадување. Понекогаш се однесуваат како тинејџери кои протестираат, но се подготвени да направат се што е по нивно и од принцип да ги променат одлуките во последен момент.

Популарно