Авионот на „Туркиш ерлајнс“ Скопје-Истанбул бил пренасочен на аеродромот во Измир

F4837FDA0B6882439CA796583A76D6A6

По нападите, аеродромот „Ататурк“ во Истанбул продолжи да работи, а авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ ги намали летовите од Скопје

Дали и колку летови ќе има од Скопје до Истанбул во наредните денови со „Туркиш ерлајнс“ е сосема неизвесно по терористичкиот напад врз истанбулскиот аеродром „Ататурк“. Денеска од аеродромот „Александар Велики“ кон Истанбул полета утринскиот авион со двочасовно задоцнување, додека вечерниот беше одложен. Инаку, авионот на „Туркиш ерлајнс“ што во вторникот вечерта полета од Скопје за Истанбул, непосредно пред да се случат нападите на аеродромот, беше пренасочен и слета на аеродромот во Измир.

Турскиот авиопревозник го поврзува скопскиот аеродром „Александар Велики“ со Истанбул секој ден во неделата со два лета, утрински и вечерен.

Аеродромот „Ататурк“ денеска, ден по нападите, продолжи да функционира и е отворен за слетување и полетување. Сепак, секоја компанија има можност да донесе самостојна одлука дали ќе продолжи со зацртаниот ред на летање, ќе го промени или ќе го откаже.

Скопје со Истанбул со директни летови, четири дена во неделата, го поврзува и авиокомпанијата „Пегасус“, која лета до аеродромот „Сабиха Ѓокчен“, во азискиот дел од градот. Засега нема откажани летови на „Пегасус“, ниту пак официјални информации од компанијата дека се менува редот на летање.

Од почетокот на туристичката сезона, кон Турција неколкупати во неделата се организираат и чартер-летови, најчесто до Анталија. Во вторникот вечерта, истовремено со случувањата во Истанбул, во Македонија со директен лет од Анталија се врати група наши туристи.

„Не знаевме ништо за случувањата во Истанбул, се додека не почнаа наши блиски да ни се јавуваат и да прашуваат дали сме добро, додека чекавме на аеродромот во Анталија. Речиси никој во авионот не знаеше ништо за нападите, летот се реализираше и навреме стигнавме во Скопје“, вели еден од патниците.

На веб-страницата на „Туркиш ерлајнс“, денеска беше објавено дека компанијата ги откажува летовите од истанбулскиот аеродром до 5 јули, со насоки за сите патници, како да ги заменат билетите или да си ги вратат парите. Во скопската канцеларија на авиопревозникот потврдија само дека е откажан денешниот лет. За сите понатамошни информации, патниците ги упатија да ги побараат на официјалната веб-страница на „Туркиш ерлајнс“.

„Поради вонредната состојба на истанбулскиот аеродром ’Ататурк’, сите патници и клиенти кои имаат резервации за летовите од и до аеродромот меѓу 28 јуни и 5 јули, до крајот на јули можат да извршат пререзервација и регрутирање без никаква доплата, рефундации, целосен поврат на средствата за неискористен авиобилет и поврат за половично искористен авиобилет. Продолжување на валидност на авиобилетот без надомест е дозволено до 31 јули“, се вели во соопштението на авиокомпанијата, од каде што нагласуваат дека летовите од Скопје ќе се реализираат со намален капацитет, а за откажувањата патниците ќе бидат известувани дополнително.

Голем број македонски патници „Ататурк“ го користат за трансфер кон дестинации во Азија и Блискиот Исток, а се' почесто и кон Австралија и Америка. Аеродромот е менаџиран од компанијата „Тав“. Минатата година со 60 милиони патници се најде на третото место во Европа, односно на 11. во светот.

Млад фудбалер почина на терен

Станува збор за Анхел Оједа (23), кој ги бранеше боите на клубот Педро Фере, а трагедијата се случи на нивниот дуел против Ситрекс. Несреќното момче настрада во десеттата минута од второто полувреме, кога со глава удри во ѕид на работ на теренот, кој немаше никаква ограда за одвојување.

Оједа веднаш бил префрлен во болница, каде што починал набргу поради крварење во мозокот како последица на тешка траума. Клубот Педро Фере се збогува од својот фудбалер пред клупските простории, со аплаузи и знамиња додека поминуваше погребната поворка. Вознемирувачкото видео погледнете го на следниот линк:

Извор Спорт 1 

Скопјанка пронајдена почината во својот дом во Аеродром

Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Аеродром била пронајдена почината Т.М.(54) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.  

Скопјани се испотепале за паркинг, едно лице тешко повредено

Вчера во 16.15 часот во СВР Скопје Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево, по претходна расправија околу паркирано возило, бил нарушен јавниот ред и мир.

Cо физичка пресметка помеѓу М.К. и Д.К.(24) од една страна и З.Џ. од друга страна, сите од Скопје, при што со тешки телесни повреди се здобил Д.К... 

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Популарно