Балкан: Поп силувал 13 годишно девојче

Попот Милован Џокиќ од слеото Плочица во Србија силувал 13-годишно девојче. 58-годишниот свештеник е осуден на пет години затвор за грозоморното дело кое го направил. Тој беше уапсен на 21. март 2014 година откако бабата и дедото на девојчето каде тоа било на гости, пријавиле за настанот. Тој два пати ја обљубил малолетничката и тоа еднаш на гробишта, а еднаш во црква.

thumb460933851hororuyk76i76i6-63830

- Откако ме силуваше ми рече Ти си добра и чесна, треба да одиш во црква и на училиште. Ме болеше страшно, се плашев некому да кажам, кој ќе ми веруваше?, вели девојчето за Информер.

Потоа повторно се обидел да ја силува но во црковното училиште дошло едно момче и попот престанал. За Бадник ја викнал дома да помогне на жена му. Таа сгатила дека е сам и пијан.

Инаку, тој бил поп во селото од 1983. година.

Овој настан ја згрози јавноста, а дури сега излегоа деталите за него.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно