(Фото) Преполовен автомобил има и повредени: Тешка сообраќајка на Партизанска

Тешка сообраќајна незгода се случи пред помалку од половина час на булеварот „Партизански одреди“ во непосредна близина на слаткарницата „Палма“.

Според првичните информации, во несреќата учествувале мотор и патничко моторно возило кое од јачината на ударот е преполовено.

Булеварот е целосно затворен на потегот од „Сити Мол“ до мостот „Обединети нации“ и се одвива по околните улици.

Повеќе детали се очекуваат од МВР.

Извор: Skopje1.mk

Скопјанец паднал од мотор, со тешки повреди пренесен во болница

На 27.04.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на бул.„Србија“ во Скопје мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.Ф.(40) од Скопје, паднал на коловозот.

- Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклист, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Срѓан Ѓоковиќ завршил во ургентен центар

Срѓан Ѓоковиќ, татко на Новак Ѓоковиќ, во неделата бил примен во Ургентниот центар во Белград. 

Сето ова се случило денеска во попладневните часови (околу 13.30 часот), како што дознаваме, Срѓан доживеал пад, по што бил згрижен во оваа установа.

Популарно