Скопјанец паднал од мотор, со тешки повреди пренесен во болница

На 27.04.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на бул.„Србија“ во Скопје мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.Ф.(40) од Скопје, паднал на коловозот.

- Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклист, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Грчко МНР: Европскиот пат на Македонија и односите со Грција зависат од спроведување на Договорот од Преспа и употребата на уставното име

Билатералните односи со соседната земја и нејзиниот европски пат зависат од целосното спроведување на Договорот од Преспа и употребата на уставното име, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција за инаугурацијата на Гордана Силјановска Давкова и употребата на името „Македонија“ и посочија дека оваа постапка претставува прекршување и на договорот и на Уставот, јави дописничката на МИА од Атина.

Во реакцијата од грчкото МНР пишува дека „за време на денешната заклетва во Собранието и покрај фактот што во официјалниот текст на заклетвата што ѝ беше диктиран, земјата беше под името „Северна Македонија“, новата претседателка на Република Северна Македонија, г-ѓа Силјановска-Давкова, одбра земјата да ја нарече „Македонија“.

- Оваа постапка јасно го прекршува Договорот од Преспа, но и Уставот на соседната земја, кој е усогласен со нејзините меѓународни обврски, соопштија од грчкото МНР.

Посочија дека грчката Влада, и покрај приговорите што ги искажа како опозиција, го почитува Договорот како ратификуван меѓународен договор, кој надвладува која било друга законска одредба.

-Грција, во овој контекст, категорично изјавува дека дополнителниот напредок во нејзините билатерални односи со Северна Македонија, како и европскиот тек на земјата зависат од целосното спроведување на Договорот од Преспа и главно од употребата на уставното име на земјата, соопштија од грчкото МНР, пренесе МИА.

Две тинејџерки во Скопје тепале соученичка

Насилство во близина на средно училиште во Центар. Две тинејџерки тепале соученичка, а уште две снимале со мобилен телефон.

Ова се случувало во октомври, но деновиве до видео материјалот дошол таткото на нападнатото девојче, кој случајот го пријавил во МВР.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување, а засега нема информации за возраста на средношколките.

МВР во денешната хроника информираше за уште еден сличен случај на врсничко насилство што се одвивал пред два дена на подрачјето на општина Аеродром, а во близина на основно училиште. Според информациите од полицијата, малолетник бил физички нападнат од друг малолетник, соученик во училиштето. Полицијата го расчистува и овој случај.

Адеми: Гордана Силјановска-Давкова го згази Уставот

Арбер Адеми од ДУИ, портпарол на изборниот штаб, замери на повеќе делови од говорот на новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова во Собранието. 

Тој смета дека уште со првиот збор, таа создала криза.

„Изразуваме залежење за говорот на Силјановска-Давкова, која го згази Уставот уште при првата реченица, не споменувајќи ни Република, а камо ли Северна Македонија. Ги исклучи сите луѓе од единството, беше говор за 8-март, без да се спомене НАТО и сите предизвици кои ни престојат. Ниту еден збор за ЕУ, ниту за евроинтегративниот процес. Ниту збор немаше за негување на добри меѓуетинчки односи, ниту за Рамковниот договор, ниту за Преспанскиот договор, ниту за добрососедскиот договор со Бугарија – намерно не ја спомена и честитката од претседателката на Косово“, рече Адеми.

Тој упати и други критики на сметка на Силјановска-Давкова.

Популарно