Православните верници го слават Велигден

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Пожар во Дом за стари лица во струмичко Банско

Пожар синоќа избил во Дом за стари лица во село Банско, Струмичко. Нема повредени лица, предизвикана е само материјална штета, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според Регионалниот центар за управување со кризи – Струмица, пожарот бил пријавен околу 23.30 часот. Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари со две противпожарни возила. Пожарот целосно е изгаснат во 50 минути по полноќ.

– Прво биле евакуирани лица од катот каде што бил пожарот, потоа од долните катови. По целосното гаснење на пожарот, евакуираните лица полека се вратени на местата, собите од каде што биле евакуирани. Причината за пожарот и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени, појаснуваат од ЦУК.

Во денешното соопштение се наведува и дека изминатото деноноќие имало вкупно 1.759 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 во ЦУК.

Шер објасни зошто се забавува со далеку помлади мажи: Изјавата ја опишуваат како бизарна

Славната Шер (77) од почетокот на минатата година е во врска со 39 години помладиот рапер Александар Едвардс (38).

Поради значителната разлика во години, нивната врска наиде на различни коментари, а пејачката сега откри зошто сака да излегува со помлади мажи.

– Причината поради која излегувам со помлади мажи е затоа што мажите на моја возраст се стари и сите мртви. Пред тоа беа премногу исплашени да ми пријдат. Помладите мажи беа воспитани од жени како мене – изјави таа во една емисија.

Пејачката и раперот се запознале во септември 2022 година, а набрзо започнале врска. Тие раскинаа во мај 2023 година, но се смирија. Откако повторно почнале да излегуваат, пејачката кажала колку сето тоа било неочекувано.

– Им реков на пријателите, не се заљубувајте во помлади мажи, премногу сме стари. И не се заљубувајте преку пораки. Мојата теорија пропадна – изјави претходно таа за странските медиуми.

Популарно