Доктор кој работи во Шведска: Заработувам 4.500 евра месечно и не мислам да се вратам

Писмото од докторот од Хрватска кој сега работи во Шведска пристигнало во редакцијата на „Слободна Далмација“. Прочитајте ја приказната на овој човек:

shutterstock_270796991

„Почитувани читатели, јас сум доктор од Далмација кој замина да живее во Шведска, а ова е мојата приказна.

Велат дека секој почеток е тежок и дека за време на преселувањто во друг град или друга држава човек поминува низ неколку фази додека не се прилагоди целосно. Првата фаза е ентузијазам за новото, особено она што е подобро отколку во сопствената држава, па веројатно мозокот е програмиран прво да го забележува подоброто.

После тоа следува незадоволството и лутината поради работите кои се различни отколку дома, па така тешко ни е да ги сфатиме овие разлики во културата и менталитетот. И последната фаза е прифаќањето на разликите помеѓу новиот дом и нашата „стара“ култура и воспитување. Најуспешните се оние кои го земаат најдоброто од двата системи и пливаат со тоа знаење до новите победи.

Помина точно една година откако планирано се преселив во Шведска и започнав да работам како доктор. Одлуката не беше избрзана ниту донесена врз основа на статиите за високите плати ниту пак во знак за протест кон сопствениот политички систем. Мислам дека многу Далматинци, па така и јас, знаат колку е тешко да се напушти родниот град и на 18 години да се оди на студирање во Загреб.

Да се пронајдат нови луѓе, да се прилагодиш на новата средина, да научиш да учиш за големите испити на Медицинскиот факултет во Загреб, и да живееш во студентски дом - ова е искуство кое или ве зајакнува или ве покорува. Јас имав среќа што испадна ова првото. Во текот на студиите бев на размена во Холандија и имав можност да запознам многу странски студенти од сите земји во Европа, па и пошироко и да видам како се работи надвор. Некако во тоа време кај мене се пробуди желбата и јас да се обидам да одам некаде надвор и да живеам и работам во странство.

Првично размислував за Осло, меѓутоа околностите ме доведоа до Стокхолм. После завршениот факултет, приправничкиот стаж и положениот државен испит, работев некое време во шведска фармацевтска компанија во Загреб и стекнав нови знаења, па размислував што понатаму. Морам да признам дека ми се допадна шведскиот начин на работа и нивните услови, па истата година започнав да го учам шведскиот јазик.

После некое време одлучив да продолжам понатаму и да барам специјализација од подрачјето кое ме интересираше. Бидејќи во тоа време беше тешко да се добие специјализација на некоја од клиниките во Загреб, го прифатив работното место како специјализант во помала болница на околу 60 километри од Загреб.

Тогаш немав избор и морав да потпишам „робовладетелски договор“ за специјализација, и како и повеќето од моите колеги, во надеж дека сето тоа ќе се промени и дека нема да треба да ја платам сумата доколку го прекинам договорот.

Никој во Република Хрватска не треба да ги враќа своите плати назад кога оди кај друг работодавач, ниту пак парите за образование. Ако ги вратиме парите тогаш законот нека биде еднаков за сите, бидејќи првата точка од секој регулиран систем е дека сме еднакви пред законот. Селективното одвојување на докторската популација од, на пример, архитектите, градежниците, правниците и други професии не е ни малку во ред, ниту пак правилно пред законот.

Имено, со наведените постапки се купуваат бодови за секакви цели, пред се' политички и се создава негативно мислење во јавноста кој медицинската професија. Моето образование го плати државата како и на другите граѓани кои имале добри оценки на училиште и кои го положиле приемниот испит. Државата наведените пари ги добиваше со платените даноци кои ги плаќаат сите граѓани, па така и моите родители во текот на нивниот работен век. Значи, во превод, моето образование е финансирано од моите родители, а јас го добив со напорна работа и труд.

Во текот на мојот специјалистички стаж во Хрватска кратко време престојував во Шведска на размена, а после положениот специјалистички испит, болницата од Шведска ми понуди работа. Станува збор за Универзитетската клиника која е дел од Каролинска институтот (медицински факултет во Стокхолм кој е меѓу најдобрите 10 во светот).

Морам да бидам искрен и да го пофалам нашиот Медицински факултет во Загреб, кој се наоѓа на листата на 400 најдобри медицински факултети во светот, на кој не видов други факултети од нашиот регион, освен оние од Италија и Унгарија. Ова е еден од доказите колку вашето образование е добро и колку нашите доктори се ценети како стручни и добри работници надвор од државата. За жал, не е секогаш така во Хрватска.

После првиот месец живеење во Шведска, добив писмо од Канцеларијата за статистика на Кралството Шведска - беа заинтересирани за моето образование. После пополнетата форма не знаев дали да плачам или да бидам среќен. 12 години основно и средно образование, 6 години факултет, 1 година стаж, 4+1 специјализација, 3 докторати, вкупно 27 години. За сето ова во Хрватска добивате примања (основна плата, патен трошок, докторат, дежурства, години работен стаж) од 1.500 евра, додека во Шведска добивате 4.500 евра - 3 пати поголема. Во Норвешка е и 4 пати поголема.

Овде со шефот се разговара еднаш годишно, кога преговарате за новата плата. Отприлика растот на платата е околу 1-3% годишно, додека во Хрватска не постои таква можност. Платата не е најважна, важни се и условите за работа, можноста за напредување, истражување и слично. Овде постои можност за работа во различни проценти - па така можете да работите 40%, 50% во зависност од потребите, ако имате мали деца или сакате повеќе одмор. Ако сакате да работите на некое истражување, тогаш ве ослободуваат од обврски и работа.

После одреден број поминати години се стигнува до одредена функција, особено сега, бидејќи и во Шведска постои проблем со дефицит на лекари, особено во помалите заедници. Затоа во овие заедници платата е за 20% повисока.

Храната е отприлика дупло поскапа, трошоците за кирија се исто така скапи, меѓутоа во нив се вклучени и водата и греењето, а дупло поскап е и јавниот превоз. Струјата и интернетот се како кај нас, а истото важи и за облеката. Автомобил немам, меѓутоа осигурувањето е поскапо од кај нас. Работното време е 8.30 часа и мора да се регистрирате кога доаѓате и заминувате. Меѓутоа, со сето ова, сите овие високи цени, сепак човек може да заштеди околу 1.500 евра - колку една плата во Хрватска. Единствено што е нереално високо е цената на становите, и тоа секако во трите најголеми градови: Стокхолм, Гетеборг и Малме - квадратот е помеѓу 4.000 и 10.000 евра, а треба да имате 15% депозит за да земете заем од банката.

Да се вратам на почетокот на мојата приказна за прилагодувањето во странска држава. После година дена сум во фаза на забележување на разликите и нив ги гледам секој ден. Она што најмногу ми фали од Хрватска се луѓето. Што се однесува до условите за работа и материјалните приходи, моментално немам потреба да се вратам, но никогаш не се знае што носи времето“.

Англичаните воодушевени од стадионот во Белград: „Ова ќе биде едно од најдобрите места за играње фудбал“

Србите пред неколку дена и официјално започнаа со изградбата на новиот фудбалски стадион кој се наоѓа во околината на Белград. Сите беа воодушевени од проектот и како ќе изгледа стадионот кога ќе биде готов, а воодушевени се и англичаните кои имаат само пофални зборови.

„Србија го претстави проектот за новиот стадион. Фасцинантно изгледа ова технолошко ремек дело кое ќе биде опкружено со дрвја и зеленило. Србија планира величествен стадион и се насочува кон еколошки пристап и дизајн. Претседателот Александар Вучиќ рече дека ова ќе биде едно од трите најубави места во светот на кои ќе се игра фудбал.“ – се вели во текстот на британскиот „Дејли мејл“.

Изградбата на стадионот ќе чини 257 милиони евра, а ќе има капацитет од 52.000 гледачи. Планирано е изградбата да заврши до крајот на 2026-тата година, а Белград и новиот стадион ќе бидат домаќини на финалето од Лигата на Европа во 2028-мата година.

(Видео) Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“

На денешен ден пред една година настана трагедијата во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, кога Коста Кецмановиќ вооружен со пиштолот на татко му уби девет ученици и чуварот на училиштето, а рани уште неколку.

На местото на трагедијата пристигнуваат се повеќе луѓе за да им оддадат почит на жртвите. Први пристигнале членовите на семејствата на убиените деца, а глетката пред училишната зграда никого не остава рамнодушен, објавија српските медиуми.

На посебно плато пред училиштето, каде се поставени фотографиите и имињата на убиените деца и чуварот, се оставаат цвеќиња и се палат свеќи.

И претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово положи цвеќе во ОУ „Владислав Рибникар“.

„Помина една година од невидената трагедија која остави неизбришлива лузна на душата на целата земја, но болката, неверувањето и неизмерната тага не поминаа“, рече Вучиќ.

На 3 мај минатата година Коста дошол вооружен во училиштето и од влезната врата го започнал својот крвав поход, во кој животот го загубија девет деца и чуварот.

Откако го извршил масакрот повикал полиција и пријавил што направил.

Веднаш по трагедијата се одржа вонредна конференција на српското Министерство за внатрешни работи, на која беа соопштени деталите за она што се случи во училиштето „Владислав Рибникар“.

„Повикот дојде во 8 часот и 42 минути наутро, две минути по пријавувањето на случајот во полиција од страна на заменик директорот на ова училиште“, изјави началникот на белградската полиција Веселин Милиќ.

На таа конференција Милиќ изјави и дека К.К. еден месец го планирал злосторството. Тој го покажа и списокот што полицијата го пронашла во станот на момчето убиец, на кој биле испишани имињата на учениците кои планирал да ги убие.

Дополнително, како што тогаш беше кажано од највисоките функционери на српската полиција, К.К. имал и прецизен план на училиштето, со означен влез и излез.

Поради делото, Коста е во болница, а против татко му и мајка му, Владимир и Миљана Кецмановиќ во меѓувреме е покренато обвинение, со оглед на тоа што момчето-убиец во моментот на делото имало 13 години и затоа не е кривично одговорен.

Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти дека обвинетиот Владимир Кецмановиќ во периодот пред трагедијата го научил својот син да пука во цели во форма на концентрични кругови и силуети на луѓе, да стои и да дише кога користи огнено оружје.

Против семејството Кецмановиќ се водат три граѓански постапки, а поднесени се вкупно пет тужби, меѓу кои и една кривична.


Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Популарно