Драматична исповед на проститутка

Иако проституцијата во повеќето земји во светот е забранета, очигледно е дека на овој „најстар занает во светот“ никој не може да му стави крај. Иако не ги гледаме често на улиците и ретко се зборува за тоа, проституцијата во последно време стана голем проблем во светот. Состаноците се договараат преку телефон или преку посредник (макро) кој добива поголем дел од заработката на девојката.

Prostitucija-

Поради големата криза и финансиските проблеми се` повеќе девојки и жени се одлучуваат на ваков потег од очај. Многу од нив имаат семејство што треба да го хранат и работат повеќе работи. Голем дел од девојките кои влегуваат во тој свет имаат во план да останат во „бизнисот“ некое кратко време, но тоа речиси никогаш не се случува. Обично остануваат многу подолго, се губат во тој свет, се чувствуваат должни на макрото кој обично ги држи во рака. Директорката на НВО Црногорското женско лоби одлучила да сподели со светот неколку шокантни приказни.

„Мамецот за влез во тој суров свет обично е работата на го-го танчерка или келнерка“, објасни директорката на НВО Црногорското женско лоби Аида Петровиќ, пренесува Блиц.рс.

„Имавме случка од една девојка која стопирала и била запрена од некој човек со кој договорила сексуална услуга за 20 евра. Подоцна на патот во автомобилот им се придружиле уште двајца мажи и и` рекле дека ќе и` дадат 50 евра доколку спие со сите тројца. Кога се согласила ја однеле во некој стан и ја силувале. Потоа ја претепале, ја однеле во некоја шума блиску Подгорица и ја врзале за дрво. Кога утрото се разбудила и дошла при свест, не` побара нас и бараше да и` помогнеме. Тогаш ни раскажа дека и` ги зеле и парите што и` ги дале порано таа ноќ“, раскажа Петровиќ.

prostitutki-un1-564x272

Девојките кои ги раскажале нивните потресни приказни рекле дека некои клиенти се толку настрани, што морале да трпат работи како гасење на цигари од нивното тело, прекривање со храна, а една девојка раскажала дека некој дури и` одгризал дел од телото.

„Не станува збор за луѓе кои во општеството се познати како манијаци или психопати. Најчесто тоа се угледни личности со добра работа и семејство, а плаќаат за да се изживуваат врз некој. Проститутките ретко говорат за своите клиенти и никогаш не кажуваат кои се и што работат иако најчесто го знаат тоа“, вели Петровиќ. Таа додава дека на Црногорското приморје моментално има над сто проститутки кои се кријат под изговор дека работат нешто друго. „Проблемот е во тоа што тие не знаат каде се наоѓаат. Обично се пијани и под дејство на наркотици, па не знаат во кој град се, а некогаш ни со кого се.“

Пронајден непознат валцер стар 200 години, се верува дека е од Шопен

Досега непознат валцер е откриен во трезорот на американската Библиотека-музеј „Морган“ во Њујорк. За новопронајденото музичко дело, се верува дека го напишал полскиот композитор Фредерик Шопен, пред речиси 200 години.

Реткиот ракопис, имено, го открил кустосот Робинсон Меклејлан при каталогизациите. Тоа потоа дошло во рацете на стручњак за делата на Шопен, за да се утврди автентичноста на партитурата. Записот е датиран меѓу 1830 и 1835 година. Не е потпишан од Шопен, но може да се види неговиот препознатлив бас-клуч меѓу нотите.

– Она во што сме најсигурни е дека ова е напишано од раката на Шопен, на хартијата што тој ја искористил… Она што не е сосем јасно е дека тој ја компонирал музиката. Тука сум околу 98 отсто сигурен, а многу луѓе кои го слушнале веќе чувствуваат во стомакот дека ова звучи како Шопен, изјави Меклејлан.

Кинескиот пијанист Ланг Ланг го отсвири и сними валцерот за „Њујорк тајмс“ (New York Times) којшто ја откри приказната.

- Звучи многу како Шопен, со многу драматична темнина којашто се претвора во позитивно нешто. Прекрасно е. Ова не е најкомплицираната музика на Шопен, но и еден од најавтентичните стилови на Шопен што можете да ги замислите, изјави Ланг.

Валцерот содржи и мали грешки, но Меклејлан е уверен дека музичкиот запис е на Шопен. Композиторот кој пишувал претежно за солонастапи на пијано, почина на 39-годишна возраст во Франција во 1849 година. Тој често бил прогонуван од халуцинации, а се верува дека имал и епилепсија, според некои истражувачи.

Според Фројд, ова е единствениот начин да се препознаат глупавите луѓе: Една работа веднаш ги издава, внимавајте како се однесуваат

Зигмунд Фројд, најпознатиот психијатар и таткото на психоанализата, меѓу другото, ни остави генијална мудрост и универзални изреки кои се актуелни во секое време.

Меѓу нив е и лекција што секој треба да ја запомни - како да препознаете глупави луѓе?

Првиот знак на човечката глупост е целосното отсуство на срам

Легендарниот психијатар многу брзо ја открил човечката глупост, а ве советува како да ја откриете во една реченица:

„Првиот знак на човечката глупост е целосното отсуство на срам“, рече Фројд.

Така, кога ќе се најдете во ситуација кога ќе се засрамите од туѓото однесување или изјава или ќе ве изненадат некои луди постапки - веднаш знаете со кого си имате работа.

Ако не ве ценат, не докажувајте се - само бидете свои

Не е ваш проблем, нивен е. Не ги намалувајте стандардите поради тоа и не правете што сакаат, изиграјќи кловнови. Верувај дека ќе те искористат во одреден момент, тоа е самата природа на луѓето.

Кога ќе им дадете еден прст - тие ја земаат целата рака. На крајот, и покрај се, навистина повеќе нема да ве ценат, па се што сте направиле и поминале ќе биде залудно. Ако не ве ценат, не докажувајте се - само бидете свои. Не ја намалувајте цената на вашето достоинство за да стекнете доверба, и онака нема да ја добиете.

Ако не ви веруваат - не барајте изговори за нив

Кога не сакаат да веруваат - нема да веруваат. Ќе го искористи за некои лоши намери. Доволно е и покрај се да останете верни на себе и ќе видите како работите сами ќе се променат по некое време. Но, не очекувајте промени преку ноќ. Вистинските луѓе ќе ја откријат вашата вредност порано или подоцна.

Кога ќе најдете такви луѓе, држете ги како капка вода на дланка, а останатите игнорирајте ги. Вашите очи нема веднаш да ја забележат вредноста на таквите луѓе, но штом ќе ги препознаете, не дозволувајте ништо да ве одвлекува од нив. Кога ќе станете најдобрата верзија од себе, тогаш ќе се појават луѓе чие присуство ќе стане вистинската внатрешност на заедничкиот живот. Тогаш вашиот заеднички живот ќе стане она што отсекогаш сте го посакувале.

Најмалото бебе на светот и понатаму води вистинска борба за сопственото здравје

По година и пол поминати во болница, најмалото бебе во Британија конечно пристигна дома. Имено, Робин Чемберс е родена со само 312 грама, а нејзините родители Даниел и Шантел велат дека сега конечно може да започне нивната бајка.

Имено, Робин веднаш по раѓањето почнала да се соочува со бројни здравствени проблеми, поради што првите 18 месеци од животот ги поминала во болница. Борбата со хипоксично-исхемична енцефалопатија од трет степен, церебрална парализа, епилепсија и тешка апнеја доведоа до тоа да таа да мора да се храни преку назогастрична цевка.

Покрај сето ова, Робин се соочи и со инфекција на белите дробови од која за малку ќе завршеше трагично, но, за среќа успешно ја надмина.

„Бевме многу возбудени кога ја донесовме дома – тоа беше како остварување на сонот“, рече нејзината мајка Шантел.

Иако таа сега е во топлото семејно гнездо, борбата на малата Робин сè уште не е завршена. Нејзините родители сега треба да соберат средства за потребните третмани, терапии и опрема која е потребна за нејзиниот развој. За овој „луксуз“ потребни им се 100.000 фунти (околу 120.000 евра) а од собраните пари планираат да ѝ купат специјална опрема како трицикли, колички и седишта кои ќе помогнат во нејзиниот развој.

„За малку ќе ја изгубивме во мај, и тоа беше многу тежок период кога ја доби инфекцијата на белите дробови, но оттогаш таа само стануваше сè посилна. Во последните три месеци таа навистина добро закрепна и стана доволно здрава за да можеме да ја однесеме дома“, изјави Шантел, пишува „Daily Mail“.

Популарно