(ФОТО) Ерменци, Албанци, Хрвати го „нападнаа“ Штефанек

710

Давор Штефанек и ја донесе на Србија првата златна медаља на Олимписките игри во Рио, кога во финалето го совлада Ерменецот Мигран Артјуниана, кој не го прифати спортскиот пораз на победничкиот пиедестал.

Не го прифатија ни неговите навивачи кој го обвинуваат судијата дека не пресудил праведно, и дека неговиот земјак го заслужил златото.

GettyImages-590456092-670x447

GettyImages-590458886-670x447

GettyImages-590458960-670x1004

На Фејсбук профилот на српскиот шампион почнаа да пишуваат стотина коментари во кои истакнуваат дека не ја заслужил победата на што го стигнаа и 200 коментари. Уште поголема кавга на Инстаграм каде има повеќе од 700 на само на едната слика со златната медала, а ги има и на останатите фотографии со олимпискиот шампион.

Тука уфрлаат и фотомонтажи во кои го монтираат и Ненад Лаловиќ претседателот на Светската боречка организација кој инаку е Србин а кој ги доделуваше медалите, сметајќи дека имало и негово влијание во донесувањето на одлуката за шампионот.

Во коментарите на Ерменците им се придружија и Албанци и Хрвати кои исто така го напаѓаат Штефанек.

Погледнете и како изгледаат некои од принтскриновите на неговиот профил на Фејсбук и Инстаграм.

Rvanje2-670x1185

Rvanje31-670x1167

stefanek-670x437

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно