Фолк пејачката за кусо време повторно ќе се најде на малите екрани со новата сезона на емисијата „Вкусот на традицијата“, но не заборава и приватно да најде време за своите најблиски.
Адријана Алачки досега имавме можност да ја видиме во разни изданија, но кога и да помислиме дека од неа ништо не може веќе да не изненади, таа повторно наоѓа начин да го привлече вниманието на јавноста.
Така и овој пат, фолкерката објави фотографии од свадба, за чија пригода одбра елегантен фустан во златна нијанса, со впечатливо деколте. Дополнително за ефект придонесува средената фризура и убавата шминка, па сигурни сме дека покрај невестата, Алачки успеала да ги воодушеви гостите со својата појава.