ФОТО: Македонски полицаец и бегалката од Ирак се венчаа и чекаат бебе

Нура Аркавази, курдска муслиманка и православниот Боби Додевски се вљубиле набрзо откако се сретнале на калливата граница на почетокот на март, а четири месеци подоцна веќе се венчале, пренесе агенцијата „Франс прес“, пишува српски „Блиц“.

Боби се присетува на дождливиот ден кога првпат ја видел Нора на ничија земја помеѓу две држави, додека случајно бил на должност, бидејќи ја заменил смената со колегата.

- Тоа беше судбина - им рекол 35-годишниот Боби на новинарите на АФП во неговиот стан во Куманово, каде што сега среќно живее со својата млада сопруга.

Нора (20) е од Дијала, провинција во источен Ирак која го тресе насилство. Младата Ирачанка наведува дека екстремистите на Исламската држава го киднапирале татко ѝ, инжењер и дека барале илјадници долари за откуп за неговото враќање. Бегалката од Ирак и нејзините брат, сестра и родители на почетокот во 2016 година го напуштиле својот дом и тргнале на долго патување. Ја преминале границата со Турција, потоа со чамец пристигнале на грчкиот остров Лезбос, од каде што влегле во Македонија. Главна цел им била, како што наведуваат, Германија.

Нејзиното семејство го продолжило патот кон Германија, но Нора одлучила да остане во Македонија откако ја погодила Аморовата стрела.

- Имав едноставен сон да живеам со своето семејство во Германија - навела таа и додала дека не ни замислувала какво изненадување ја чека во Македонија.

Кога првпат го сретнала Боби, Нора имала висока температура и очајнички сакала да дознае дали нејзиното семејство ќе успее да ја помине границата со Србија и да го продолжи патот кон Германија. Балканските земју штотуку почнувале да ги затвораат своите граници за бегалците, па судбината на мигрантите кои тогаш поминувале низ Македонија била неизвесна.

Другите полицајци ја упатувале на Боби, бидејќи тој добро зборува англиски, а тој се погрижил таа и нејзината болна мајка да добијат медицинска помош и ќебиња.

- Ми рече да не се грижам и дека сè ќе биде многу добро во мојот живот - се присетила Нора.

Боби, кој зад себе има два брака, вели дека знае дека пронашол некој посебебн.

- Кога првпат ја здогледам Нора видов нешто добро во нејзините очи - наведува тој.

Наредните денови поминувале повеќе време заедно, а тој ги носел неа и нејзината мајка до локалниот пазар да купуваат храна и облека. Нора, бидејќи зборува шест јазици, почнала да помага во локалниот Црвен крст и вели дека ѝ се допаднало како високиот македонски полицаец си игра со децата на мигрантите.

Една априлска вечер, Боби ја поканил Нора во ресторан на вечера, каде што ненајдено ја запросил.

- Му реков: „Не, ти мора да се шегуваш...“, но тој 10 пати повтори: „Дали сакаш да се омажиш за мене“ - им раскажала Нора на новинарите.

Нора конечно му рекла „да“, но била загрижена за тоа како нејзините родители ќе реагираат на тоа што се мажи за човек којшто не е муслиман.

- Им реков дека одбрав добар човек за да го поминам животот со него, дека ќе се омажам за него и дека не сакам да се мажам за друг. Беа налутени – раскажала Нора. Не сакала многу да зборува за своето семејство, освен што рекла дека се добро и дека живеат на сигурно, во Германија.

Боби и Нора се венчале на 13 јули, на нејзиниот роденден, во Куманово, пред 120 сватови, меѓу кои биле и нејзините колеги од Црвениот крст. Нора и Боби сега живеат со трите деца на Боби од поранешните бракови. И очекуваат Нора да се породи. Никој, вели Нора, повеќе не ја гледа како бегалка.

Православните верници го слават Велигден

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Пожар во Дом за стари лица во струмичко Банско

Пожар синоќа избил во Дом за стари лица во село Банско, Струмичко. Нема повредени лица, предизвикана е само материјална штета, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според Регионалниот центар за управување со кризи – Струмица, пожарот бил пријавен околу 23.30 часот. Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари со две противпожарни возила. Пожарот целосно е изгаснат во 50 минути по полноќ.

– Прво биле евакуирани лица од катот каде што бил пожарот, потоа од долните катови. По целосното гаснење на пожарот, евакуираните лица полека се вратени на местата, собите од каде што биле евакуирани. Причината за пожарот и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени, појаснуваат од ЦУК.

Во денешното соопштение се наведува и дека изминатото деноноќие имало вкупно 1.759 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 во ЦУК.

За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски новинари. Најмногу  акредитирани се домашни набљудувачи - 1078. Изборите ќе ги следат и 770 странски набљудувачи за чии потреби се ангажирани и 85 преведувачи. За известување од изборите, според податоците на Државната изборна комисија, акредитирани се 66 странски новинари. 

Најмногу домашни набљудувачи акредитирало Здружението за развој на општествено -  социјални иновации „ВАКЕ УП“ Скопје - 752, потоа Фондација Ромите за демократија - 151, Цивил - 82, Центарот за безбедносни истражувања - 46, Институтот за меѓународни односи и стратегии Охрид - 20, Националниот ромски центар Куманово - 14, Здружението за промоција и развој инклузива Куманово - 12 и Македонскиот центар за културен развој - еден набљудувач.

Специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 410 набљудувачи, 14 експерти и 31 преведувач, најмногу од странските набљудувачи. Парламентарното собрание на ОБСЕ (OSCE PA) има акредитирано 138 набљудувачи, Амбасадата на Соединетите американски држави во Скопје - 68 набљудувачи и 33 преведувачи, Парламентарното собрание на Советот на Европа - ад хок комисијата за набљудување на претседателските избори во Република Северна Македонија - 33 набљудувачи и 20 преведувачи, Иницијативата за дијалог и демократија Силба 30, Централната изборна комисија - Република Косово - 13, Европскиот парламент - 12 и други.

За информирање од изборите се акредитирани и 66 новинари и медиумски работници од најголемите балкански и регионални медиуми, но и од Ројтерс, Асошиејтед прес, Ал Џезира, Франс прес...

Првиот круг од претседателските избори на 24 април го набљудуваа 1601 набљудувач односно 915 домашни и 544 странски набљудувачи, како и 84 преведувачи и 58 странски новинари. 

Популарно