ФОТО: Ова се официјалните барања на студентите до Владата

Барање на 5 страни доставија денеска студентите до Влдата на Република Македонија, во кое ги изнесуват нивните аргументи против воведување државен исопит на факултетите. Највија дејка нивните следни активности ќе зависат од тоа дали владата ќе прифати дебата со студентите во однос на најавените реформи во високото образование.

pismo-vlada1
pismo-vlada2
pismo-vlada3
pismo-vlada4
pismo-vlada5

Тело на мртва 26 годишна девојка пронајдено во куќа каде била под кирија во Штип

Тело, на почината 26-годишна девојка од Кавадараци, е пронајдено во куќа во близина на Градската црква „Свети Никола“ во Штип.

Неофицијално, девојката била почината веќе неколку дена, а според првичните информации, таа во куќата живеела под кирија.

Возила на полицијата и на Итната медицинска помош биле пред куќата, а насобраните луѓе се прашувале што се случило.

Од СВР Штип повеќе информации најавија за утре, а увидна екипа е на местото каде што е пронајдена починатата девојка.

Ненадејно почина сопругата на познатиот македонски бизнисмен

Сопственикот на бензинските пумпи МАКОИЛ Мите Јовановски на социјалните мрежи објави дека починала неговата сакана Тања Мојсовска. 

– Почина мојата сакана, ќе биде изложена во црквата СВ.Јован крстител во Бутел од 13:30 до 14:30 понеделник, објави Јовановски вчера на социјалните мрежи.

МВР денеска соопшти дека на 28.04.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Аеродром била пронајдена почината Т.М.(54) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

Млад фудбалер почина на терен

Станува збор за Анхел Оједа (23), кој ги бранеше боите на клубот Педро Фере, а трагедијата се случи на нивниот дуел против Ситрекс. Несреќното момче настрада во десеттата минута од второто полувреме, кога со глава удри во ѕид на работ на теренот, кој немаше никаква ограда за одвојување.

Оједа веднаш бил префрлен во болница, каде што починал набргу поради крварење во мозокот како последица на тешка траума. Клубот Педро Фере се збогува од својот фудбалер пред клупските простории, со аплаузи и знамиња додека поминуваше погребната поворка. Вознемирувачкото видео погледнете го на следниот линк:

Извор Спорт 1 

Популарно