Иако во медиумите на големо се зборуваше и пишуваше за несогласувањата во нивниот брак и за развод, тие останаа заедно. За да ја докаже љубовта кон својата сопруга, Милан Дапчевиќ ја израдува со подарок за Денот на вљубените.
Имено, тој ѝ купил автомобил од мараката „мини морис“, чијашто цена се движи од 18.000 до 25.000 евра.
Пејачката пресреќна од таквиот доказ на љубовта, среќната вест ја сподели со пријателите на „Фејсбук“.
-Ми купи маж ми за Св. Валентин, како што тој вели за Св. Трифун, автомобил, го бакнува жена му, те сакам – напишала Тијана.