ФОТО: Вака дечињата ја дочекаа Елена Ристевска

По победата во последната епизода од ТЛЗП Елена пристигна во Домот за деца без родители „11 Октомври“ за да својата освоена награда ја донира таму каде таа недостига. Елена пред да се омажи живеела во близината на Домот и како што вели си играла со децата секогаш, не правела воошто разлика меѓу нив. Често ги посетува и ден денес.

elenaristevska2

Влегувањето кај дечињата беше момент преполн со емоции. Од една страна насмевки од друга страна тага во очињата на децата. Големите научиле да се носат со недостигот од родителска грижа но малите се уште бараат некој на кого ќе се потпрат. Па најмалиот кој има само три години, се залепи за Елена уште од самиот почеток. Воспитувачките велат дека тоа го прави постојано, бара некого, бара љубов.

А Елена со својата насмевка и позитивна енергија успеа да им донесе малку среќа повеќе со своето присуство отколку со 1000 евра. „Парите ќе се потрошат, ова е многу малку, но она што останува е подадената рака, љубовта“, вели нашата Џеј Ло.

Заеднички одиграа и отпеаја неколку песни од Елена, се потсетија на нејзините настапи во ТЛЗП. А она што заклучивме е дека среќата на овие лица е поголема од победите од освоените награди. Нивната насмевка е поголема од секој лош ден од секој лош коментар за Елена. Оти тоа што го имате на сцена е само шоу а овде е вистинскиот живот...

Ова е живот на децата кој Елена се обиде да им го олесни и успеа барем на неколку часа. А како и поминуват часовите на Елена кога е во Белград?

- Тоа е постојано трчање на проби тонски, танцувачки, од тоа постојанао трчање немам време ни да јадам. Што пак резултираше со моето слабеење за кое ме искараа од продукцијата со зборовите:

Кај најде сега да ослобаш кога ни треба задникот за тверкање на Џенифер Лопез

Но се покажа дека токму тој задник е добитна комбинација

- Навистина не очекував дека токму овој настап ке биде мојот победнички, очекував дека песните во кои пејам повеќе ке им се допаднат повеќе, но се покажа токму спротивното. Сметам дека во петтата епизода победив зотоа што сега сфатив зошто сум таму, претходните некако се барав себе си, имав чуство дека давам се од себе ама резултатот го нема. Во последната епизода а со помош на мојата пријателка Весна Бејби од која добив совет за глумата ја сфатив поентата и решив да се забавувам и успеав.

На прашањето има ли љубомора од колегите и каква е поддршката од истите вели:

- Јас кон мене не чуствувам завист од никого најмногу се дружам со Јелена Гавриловиќ таа ми е цимерка во гардеробата па со неа сум најчесто. Со останатите имаме многу малку време да се гледаме се разминуваме на пробите сите сме сконцентрирани на тоа што треба да го направиме од недела во недела, а тоа се премалку денови за да се подготвиме и да глумиме и да пееме и да играме и сето тоа да изгледа одлично....

Елена во Белград е најчесто сама но доаѓаат и нејзините родители и нејзиниот сопруг.

photofun-236652361

Би сакала да бидат почесто тука но многу малку време имам да им го посветам. Имаме еден слободен ден во текот на неделата па се обидувам тогаш да се одморам а ако некој од моите е тука тоа е полн погодок.

- Во следната епизода ќе биде Харис Џиновиќ, Елена вели дека конечно и се исполнила желбата па на шега вели

-Е сега ќе видиме дали со брковите ќе личам на татко ми.

На негативните коментари ќе рече дека е професионалец и веќе 12 години на сцена. Сето тоа е дел од нејзината работа. Одамна научила да живее со нив.

Како реагира на помалку зајадливите дури и вулгарни коментари на Иван Ивановиќ:

- Понекогаш не се чуствувам убаво заради неговите изјави, но сепак јас сум дама и подобро е сите тие негови коментари да ги проследам со насмевка отколку да му вратам. Јас сепак се обраќам на публиката а не само на жирито.Знам како да им вратам со иста мера но сметам дека имиџиот кој сум го градела и нивото на однесување кое го имам треба да си го задржам...

Добитна комбинација за финале вели дека би било спој на одичен пејач, одлична танчерска точка но и нешто не видено. А бидејќи имитациите во полуфиналето и финалето сами ги бираат натреварувачите, Елена е подготвена да го слушне мислењето на публиката па вели:

- Слободно давајте совети и мислења...ми значи вашата помош...

Насмена и позитивна Елена замина повторно за Белград. Овој пат да ги облече панталоните на Харис Џиновиќ.

Сител.ком.мк

(Фото) Таировиќ само што ја откри врската со телохранителот, а веќе блесна и во луксузна венчаница покрај него

Теа Таировиќ долго време го држеше подалеку од очите на јавноста, иако веќе некое време се во емотивна врска. Тој ѝ го чува грбот и ја следи во чекор затоа што, меѓу другото, тоа му е работа уште од почетокот на нивното запознавање.

Имено, популарната пејачка конечно е среќна во љубовта, а нејзиниот партнер ѝ приреди прекрасно изненадување во пресрет на нејзиниот 28 роденден. Кршниот момок, непознат за јавноста, ѝ подготви балони, конфети и торта со нејзиниот лик, како и цвеќиња. Теа беше доведена до солзи од ова изненадување.

Фотографиите од вљубените гулапчиња можете да ги погледнете кликнувајќи ТУКА.

Но тоа не е сѐ! На социјалните мрежи се појави нова снимка од пејачката и телохранителот, која привлече големо внимание во јавноста.

Теа на фотографијата носи венчаница, поради која многумина помислуваат само за едно – дека венчавката е на видик. Како што пишуваат српските медиуми, станува збор за снимка од спотот за песна од новиот албум на Теа, а нејзиниот нов партнер, кој го гледаме на фотографијата покрај неа, очигледно ѝ е голем поддржувач во сѐ.

Погледнете:

(Видео) Мајката на Северина со моќна порака го честиташе роденденот на пејачката

Северина Вучковиќ го прослави својот 52-ри роденден, а потоа објави емотивно видео од семејството и пријателите.

Северина на Инстаграм покажа колку за неа е значајна поддршката од најблиските.

Една од најемотивните честитки во видеото кое го објави е онаа од мајката на Северина, Ана, која особено ги трогна нејзините фанови.

„Драга моја ќерко, ти посакувам се најдобро во животот, за твојот 52 роденден и да продолжиме да живееме вака и ти благодарам за се што правиш за твојата мајка. А ти треба да бидеш најсреќната мајка на светот“, рече нејзината мајка барајќи совет и помош од оние кои ја снимиле.

Емотивното видео погледнете го во продолжение:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Severina (@severina)

Аца Лукас: „На венчавката ја изневерив бремената сопруга – после тоа таа со насмевка ѝ честиташе на мојата жена“

Во книгата „Ова сум јас“, Аца Лукас, меѓу другото, го опиша и својот прв брак. Светлана била првата голема љубов на пејачот, со која основал семејство.

“Цеца цветаше од среќа. Тоа лето во 1991 година отидовме на море. Тоа беше крајот на моето ергенство. Барем така мислев тогаш. Свадбата беше на сплавот “Лукас”. Имаше 200 сватови, моите пријатели свиреа, а јас повремено го земав микрофонот“.

„Денот почна по свадбениот протокол, кој прилично го намалив. Со пријател отидов да си ја пробам среќата на покер апаратите на свечениот ден. Кога се вратив дома, хармоникашот веќе на големо ги веселеше гостите. Пред зградата имаше трубачи, а со нив пееше и мајката на Светлана. Цеца беше во благословена состојба и само се смешкаше“.

“Не се сеќавам на многу детали од свадбата. Знам само дека од некаде се појави една моја бивша девојка од средно и дека се бакнувавме во тоалетот. Жените се чудо. Откако се љубеше со мене, таа и честиташе на мојата сопруга со насмевка за влегување во брачните води“.

„Денес само сфаќам колку кретен бев кон мојата прва сопруга, мојата прва, вистинска љубов. Вистински кретен! Умислував дека мојата сопруга не ме заслужува, дека сум нешто над неа. Таа страдаше. Сега знам дека во тоа време беше жена за мене, тивка придружничка на мојот подем, прекрасна мајка, обожавателка на моите родители.

Популарно