Мајли и Ријана во свој стил и на хуманитарен настан. На „Амфар инспирејшн гала“ во Лос Анџелес се појавија многу светски ѕвезди, а некои од нив се појавија полуголи.
Претставниците на помладата генерација Мајли Сајрус и Ријана, познати по своите провокативни настапи и уште попровокативни комбинации, не ја прескокнаа ниту оваа вечер да облечат фустани што повеќе откриваат отколку што покриваат.
Мајли преку градите има две ленти, кои ѝ ги покриваат само брадавиците, додека Ријана се појави во бела проѕирна варијанта со дијаманти на градите.