Трагедија утрово ја потресе Македонија, триесетгодишна жена во седум часот и дваесет минути се фрлила од стан на петти кат од зграда во Кавадарци.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека жената починала на лице место.
Увидот е во тек. Јавен обвинител нареди обдукција на телото, соопшти МВР.