Колку е важно домашното воспитување и детството можеме да видиме од најлошите примери на славни балканки. Мајката на Ружица од Моделс, која пред некоја вечер имаше интимни односи со новиот дечко во Парови, за новинарите изјави дека нејзината ќерка „немала избор.
Три пати ја гледав снимката и цело време се прашувам – дали ќе престане? Не можев да верувам дека тоа го прави пред камерите, мислев дека е игра ама подоцна сфатив дека е вистински однос. Што да прави сирота, мораше. Два ипол месеци се таму, апстиненција...Млади се, им прилега тоа, барем се покрија“, вели Татјана Вељковиќ.
На неа повеќе и пречи што Ружица пие алкохол, отколку што има односи пред камерите.
„Знам јас дека таа пие, ја сеќавам некогаш кога се враќа од град како сениште, но не мислев дека и пред камерите ќе го прави тоа. Не знам зошто толку се налева и истура капки за нос во пијалокот, па сега ја декларираат како наркоманка“, вели нејзината мајка за Ало.рс.