Кајмакоски со солзи во очите одговараше на новинарските прашања!!!

Македонија го доби тоа што го заслужува Даниел Кајмакоски е победник на првото музичко издание на Х-Фактор Адриа

DDD

Во финалната „борба“ помеѓу Даниел и Тамара, публиката се одлучи за нашиот претставник, кој од почетокот на шоуто важеше за главен фаворит за победа.

- Не знам што да кажам. Цел живот го чекав ова. Знам дека моите ќе бидат многу горди на ова. Верував во себе, но ова е нешто фантастично – изјави Даниел после неговата победа.

извор: телеграф.мк

До овој момент Гордана води со над 50 илјади гласа

Според првичните резултатите од досега пребројаните гласа од избирачките места до овој момент огромна е предноста на кандидатката Гордана Силјановска Давкова, наспроти Стево Пендаровски.

Имено бројот на гласови од овој процент на избирачи е следен:

Гордана Силјановска Давкова: 86.688 гласа

Стево Пендаровски: 34.450 гласа

Бројот на неважечки ливчиња од овој процент е: 5.137 гласа.

ДИК од обработени 91% од избирачките места: Цензусот е постигнат, излезеноста е 46%

Излезеноста за претседателските избори до 18.30 часот е 46%, додека за парламентарните избори е 53%.

Ова е објавено на официјалната страна на државната изборна комисија.

Според статистичките податоци, цензусот е исполнет и Македонија денес ќе добие нов претседател.

Наскоро се очекува прес конференција на ДИК со последните податоци.

Таравари: По овие избори ќе се смени власта во Македонија

Гостиварскиот градоначалник и кандидат за претседател во првиот круг од коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ, Арбен Таравари на гласање дојде со потесното семејство и порача дека по овие избори ќе се смени власта во Македонија. Тој во изјавата за медиумите по гласањето апелираше на до граѓаните на помасовна излезност.

– Ние гласавме. Апелирам и до сите граѓани што помасовно да ја изразат својата волја и на крајот на денот да ги изброиме ливчињата. Да видиме кој е победникот. Според единствената анкета која постои меѓу двата круга најверојатно следната влада ќе биде составена од ВМРО и ВЛЕН/ВРЕДИ, рече Таравари.

На прашање на МИА каков исход очекува, Таравари напомена дека ова ќе биде историска победа на Албанците во Македонија.

– За албанскиот блок ова е историски ден. Кажав и претходно, 8 мај ќе биде историја за Албанците и за ова ќе пишува во книгите. По 22-годишен режим на ДУИ, мислам дека ДУИ од денес е во опозиција. И тие се свесни и го знаат тоа, подвлече Таравари.

Според неговите информации имало нарушување на изборниот процес и посочи дека вчера е откриен поткуп на гласачи од страна на оџи и функционери на ДУИ.

-Тоа е јавна тајна. Секогаш го правеле тоа и го повторуваат, меѓутоа ќе има одговорност. Претходно не одговараа, бидејќи беа на власт. Сега ќе одговараат. Од утре ќе има одговорност и ги повикувам сите луѓе да овозможат гласањето да биде фер и што демократско, рече Арбен Таравари.

Популарно