Теодора Качански (30) беше тешко повредена во саботата за време на пукањето на Вардарската улица во Нови Сад. Маскиран маж пукал врз возилото во кое седела Теодора. Меѓутоа, по неколкуте операции и борба за живот, девојката починала во втроникот вечерта во Клиничкиот центар Војводина. Од тогаш социјалните мрежи беа преплавени со проштални пораки од нејзините пријатели.
Нејзината другарка во тажната исповед раскажала дека Теодора живеела за семејството, за љубовта на својот живот и пријателите. Во прилог за тоа сведочи и една фотографија на трагично настраданата Теодора.