23 годишната Тифани е единственото дете кое Трамп го добил во бракот со втората сопруга Марла Мејплс. Таа на социјалните мрежи споделувала фотографии на кои е разголена, додека нејзиниот татко не ја започнал кампањата. Тогаш се закопчала, но фотографиите останале.
Иако не живеела покрај својот татко, овозможено ѝ било да ужива во луксузниот живот, како што се приватни авиони, скапи училишта и луксузни годишни одмори.
Тифани имала само пет години кога заедно со својата мајка, која во 1998. година се развела од Доналд, се преселила во Калифорнија. За разлика од своите двајца постари браќа, 35-годишниот Доналд Помладиот и 29-годишниот Ерик, и 29-годишната сестра Иванка, кои се приклучиле кон семејната кампања на својот татко, Тифани одела во приватната гимназија "Viewpoint" во Калифорнија, каде школарината чини 31.205 долари.
"Бидејќи пораснав на Западниот брег, многу се разликувам од нив, кои растеа на Источниот брег. Тоа е целосно друг живот. Во Њујорк сè се врти околу мојот татко. Среќна сум што имав можност да растам како обично дете, далеку од рефлекторите", изјавила Тифани.