Катица Јанева и Фетаи казнети по 2.000 евра за непочитување на судот!

Судењето за нарачаните шлаканици за Жерновски не ни почна, а в.д. претседателката на Основниот суд Скопје 1 Татјана Михајлова и судечки судија, ги казни двете обвинителки со по 2.000 евра за непочитување на судот.

Обвинителката Фатиме Фетаи побара од судијката да каже зошто не ги доставила снимките внатре од судењето, таа кажа дека не бил точен извештајот што судијката го имала испратено и ја обвини за инелектуален фалсификат. Снимката беше потребна како доказ за судот дека судијката не запишувала се, туку само она што и одговара.

Судијката Татјана Михајлова и го одзеде зборот на Фатиме Фетаи и кажа дека нема елементарно почитување кон судот и ја казни со илјада евра, а потоа ја казни и Катица Јанева со 1.000 евра.

Судијката ги упати специјалните јавни обвинителки доколку сметаат дека работи пристрасно да побараат нејзино изземање по што Фетаи кажа дека таа како судијка нема елементарно познавање на правото. Катица Јанева и кажа дека заслужува да го носи името судија, а не в.д. претседател на Судот.

Судењето е одложено за 10 март.

МВР известува дека нема сериозни нарушувања на редот и мирот во текот на гласањето

Министерството за внатрешни работи до сега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.

-Од отворањето на гласачките места до 11.00 часот регистрираме две пријави за поставен штанд на политичка партија во близина на гласачко место во Шуто Оризари, како и за залепени плакати и расфрлани летоци на подрачјето на Чаир во Скопје и се преземааат мерки за расчистување на случаите. Исто така, имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово село Баница, струмичко и општина Боговиње, но по преземени мерки од страна на полициските службеници, тие наводи до сега не се потврдени, соопшти Ангеловски.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните и до учесниците во изборите и во останатиот дел од гласањето да се воздржат од инциденти, а доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните веднаш да ја известат полицијата на броевите 192 и 112 или да пријават во најблиската полициска станица.

Целото обраќање во продолжение

(Видео) Ова се првите финалисти на 68-то издание на Евровизија

Вчера во Малме, Шведска, се одржа првата полуфинална вечер на 68-мото издание на Евровизија.

 На спектакуларната сцена настап имаа учесници од 15 земји, а 10 од нив влегоа во големото финале.

Србија, Хрватска, Словенија, Португалија, Украина, Кипар, Луксембург, Литванија, Ирска и Финска се земјите кои добија пласман за финалната вечер која ќе се одржи на 11 мај (сабота) во 21:00.

Погледнете ги  настапите 10-те финалисте од првата полуфинална вечер:

Србија

Кипар

Хрватска

Словенија

Португалија

Ирска

Украина

Луксембург

Литванија

Финска

Инстаграм со нова интересна опција за објавување фотографии

Инстаграм платформата воведува неколку нови функции за своите популарни Stories.

Најважна меѓу нив е функцијата „Откријте“ (Reveal), која им овозможува на корисниците да креираат скриени „приказни“ кои нивните следбеници ќе можат да ги откријат само доколку побараат дозвола од авторот преку приватна порака.

-За да креирате тајни приказни, треба да кликнете на иконата за налепници на горниот дел од апликацијата, да ја изберете функцијата „Откријте“ и да креирате „приказна“ на Инстаграм која ќе биде замаглена за сите корисници, пренесува Tech Crunch.

Компанијата верува дека новата функција ќе послужи како можност за почеток на разговор со пријателите на Инстаграм.

Во апликацијата е интегрирана и функцијата „Додај своја сопствена музика во приказни“, така што корисниците ќе можат да ги споделуваат и своите омилени песни.

Корисниците исто така ќе можат да додаваат рамки, па фотографиите додадени во „приказните“ ќе изгледаат како снимки од Полароид.

Популарно