Опасна дрога ги уништува младите во Неготино?!

Зачестуваат млади со чудни симптоми кои побарале медицинска помош во последните два три месеци во Службата за итна медицинска помош во Неготино. Дека станува збор за сомнителни симптоматологии, за „Дневник“ потврдува доктор Ратко Грков, началник на Брза помош.

15-lekari-od-brzata-pomosh-kje-odat-na-obuka-vo-izmir-171217

– Ни зачестија случаевите кога млади доаѓаат по помош со бледа кожа, силно срцебиење и крвен притисок над 200, болки во стомакот, грчеви во мускулите  и стегање во градите. Едни свесни и видно вознемирени, други во бесвесна состојба, носени од блиски.  Одеднаш добиваат тахикардии, пулс или фреквенција на срце од 200 – вели докторот.

Грков нагласува дека симптомите се чудни и поради фактот што пациентите кои ги имаат не кажуваат точна анамнеза. Станувало збор за млади од 15 до 40 години, почесто од машкиот пол,  иако имало и припаднички од понежниот пол. На прашање до  докторот колку се блиску до вистината шпекулациите дека во неготинско наводно се појавила некоја нова дрога која разорувачки делувала врз организмите на тие што ја уживале.

– Кај сите овие лица нема видливи траги дека земале некоја супстанца. Сепак препорачуваме до родителите и наставниците, како и блиските, да обрнат повеќе внимание на своите деца, ученици, блиски, особено ако имаат сомнително однесување-категоричен е  Грков.

Лазаров одбра кој ќе патува во поход на Фарски Острови

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, одбра со кои ракометари кои  ќе патува за Торшавн каде Македонија ќе го одигра првиот натпревар со Фарски Острови.

Сите кои беа на тренинзите ќе одат во градот на Фараните, и ќе го бараат своето место во клучните 16 за тешкиот меч. 

Голмани: Никола Митревски (капитен), Мартин Томовски и Марко Кизиќ

Леви крила: Цветан Кузмановски и Петар Атанасијевиќ

Десно крила: Никола Костески

Десни бекови: Томислав Јагуриновски, Мартин Велковски и Мартин Серафимов

Средни бекови: Мартин Карапалевски, Марко Митев, Дамјан Митев и Иван Џонов

Леви бекови: Филип Талески и Филип Кузмановски

Кружни напаѓачи: Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Марко Стојковиќ и Валентин Карасманакис

Дефанзивци: Никола Марковски и Михаил Аларов

Фарски Острови и Македонија во Торшавн ќе играат на на 8 мај со почеток од 20:00 часот.

Сите ја знаат „Ѓурѓовден“, но малкумина ја знаат тажната вистина за песната

Православните верници денес го прославаат Ѓурѓовден- празникот врзан со најголем број обичаи што постојат во народното верување.

Песната Ѓурѓовден била создадена во возот на смртта кој патувал од Сараево до Јасеновац.

Затворениците во вагони без храна и вода почнале да паѓаат во криза од страв и несигурност. Во општиот хаос еден од нив за кој се вели дека бил член на Сараевска „СЛОГА“ од гордост и инает, запеал… Ова е тврдење на новинарот Вукашин Беатовиќ.

Еве како оди приказната: Мај шести во 1942 година– студено утро во Сараево. Полицајците им наредиле на ИТЗ да ги подготват заробените Срби. Во четири часот наутро во градот колони на затворениците од Јајце касарната и другите затвори ги собрале на железничката пруга во Сараево.

Колоната била околу три илјади претежно млади луѓе. Меѓу нив и домаќини заедно со нивните синови, како и муслимани кои ги поддржувале Србите или се изјасниле како Срби. Чуварите извикувале „Како сте Срби? Ве носиме на бесплатна екскурзија во Јасеновац”.

Возот на свети Ѓорѓија од Сараево отиде во Јасеновац. По патот затворениците во вагоните без храна и вода почнале да паѓаат во криза на страв и несигурност.

Во општиот хаос еден од нив запеал „Пролече на моје раме слече – џурџевак зелени – свима осим мени“.

Поради песната чуварите ги затвориле вратите од вагоните, а затворениците останале без воздух во тесните вагони стиснати еден до друг. Од три илјади колку што тргнале од Сараево до Јасеновац стасале само две илјади, а стотина од нив успеале да ја преживеат тортурата. Благодарение на преживеаните денес се знае за овој настан.

Под импресија на оваа приказна, Горан Бреговиќ ја направил песната „Ѓурѓовден“. Песната оттогаш стана глобален хит која се пее на повеќе јазици. Но, многу малку денес знаат за позадината на оваа песна, за возот на смртта и судбината на овие луѓе.

Четвртокот по Велигден е најсреќен во годината

Светата или Велигденска недела се смета за големо и непрекинато славење за Велигден.

Има голем број верувања и обичаи за цела недела, а токму за четвртокот по Велигден се смета дека е најсреќен четврток во годината.

Се смета за среќен и се верува дека на земјата одат само добри небесни суштества и дека сè на луѓето ќе им оди од рака.

Четвртокот по Велигден се започнува работа, дури и ако не ви одела од рака, а можете и да се помолите и сите желби ќе ви се исполнат.

Популарно