Ова е единствената репрезентација која има позитивен скор против Бразил и Аргентина!!!

Нема да поверувате која репрезентација не е поразена од Бразил и Аргентина, а одиграле дури 6 меча!

norveska

Да се победи Бразил или Аргентина денес воопшто не е лесно, а така е уште од првото светско првенство во фудбал!

Единствената репрезентација која има позитивен скор со „кариоките“ и „гаучосите“ а притоа да ги има победено двете екипи е Норвешка.

Тие со Бразил играле 4 пати, имаат 2 победи и 2 нерешени средби. 1998 играле нерешено на пријателски меч, а на уште една пријателски натпревар година порано победиле Норвежаните со 4:2.

На светското првенство 1998 година во Франција, Бразил загуби од Норвешка со 2:1 после неверојатен пресврт(Бебето ги доведе бразилците во водство во 78 минута, а норвежаните пристигнале 2 гола до крајот на мечот).

Со Аргентина имаат играно два пати, и во двата дуела забележале победи. Во 1986 „викинзите“ славеле со 1:0, а во 2007 победиле со 2:1. И двете средби биле пријателски натпревари.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно