Ова се носителите во сите изборни единици од сите партии

На полноќ истече рокот за поднесување кандидатски листи за пратеници до ДИК за изборите на 11 декември.  Од досега достапните податоци, вака изгледаат поднесените листи:

33006846faea404d8ed2a1e0fe915eb3

Изборна единица 1

Коалиција СДСМ – Стево Пендаровски

Коалиција за подобра Македонија – Никола Попоски

Коалиција за промени и правда – Павле Трајанов

Коалиција „ВМРО за Македонија“ – Ден Дончев

Либерална партија – Ивон Величковски

Левица – Димитар Апасиев

ДУИ – Артан Груби

ДПА – Идриз Орана

НДП и Беса – Зеќирија Ибрахими

Изборна единица 2

Коалиција СДСМ – Оливер Спасовски

Коалиција за подобра Македонија – Никола Тодоров

Коалиција за промени и правда – Јове Кекеновски

Коалиција „ВМРО за Македонија“ – Љупчо Балковски

Либерална партија – Кире Бузлиев

Левица – Трајче Стојанов

ДУИ – Ејуп Халими

ДПА – Орхан Ибраими

НДП и Беса – Африм Гаши

Изборна единица 3

Коалиција СДСМ – Љупчо Николовски

Коалиција за подобра Македонија – Илија Димовски

Коалиција за промени и правда – Весна Стојменовска

Коалиција „ВМРО за Македонија“ – Стојанче Ангелов

Либерална партија – Данчо Марковски

Левица – Марија Џонс

ДУИ – Нафи Дурмиши

ДПА – Самир Рушити

НДП и Беса – /

Изборна единица 4

Коалиција СДСМ – Зоран Заев

Коалиција за подобра Македонија – Никола Груевски

Коалиција за промени и правда – Слободан Богоевски

Коалиција „ВМРО за Македонија“ – Љубчо Георгиевски

Либерална партија – Даница Јованова

Левица – Митко Николов

ДУИ – Артин Спахиу

ДПА – /

НДП и Беса – /

Изборна единица 5

Коалиција СДСМ – Радмила Шекеринска

Коалиција за подобра Македонија – Антонио Милошоски

Коалиција за промени и правда – Александар Делов

Коалиција „ВМРО за Македонија“ – Љубе Бошкоски

Либерална партија – Кице Мицковски

Левица – Здравко Савески

ДУИ – Агим Шаќири

ДПА – Адријан Усеини

НДП и Беса – Арбен Лабеништи

Изборна единица 6

Коалиција СДСМ – Петре Шилегов

Коалиција за подобра Македонија – Влатко Ѓорчев

Коалиција за промени и правда – Бранко Мајсторовски

Коалиција „ВМРО за Македонија“ – Достоинство

Либерална партија – нема

ДУИ – Али Ахмети

ДПА – Мендух Тачи

НДП и Беса – Билал Касами

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред

Поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, утре јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред.

Од ЈСП Скопје информираат дека жичницата ќе работи со вообичаено работо време, а дежурни ќе бидат две билетарници. Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Од јавното претпријатие додаваат дека жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот.

-Во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу, велат од ЈСП Скопје. 

Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичарницата во период мај – септември.

Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај

Учениците од основните и средните училишта од понеделник, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен во оваа учебна година.

Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни. 

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024. 

Ден претходно, вторник 7 мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето.

Како што информираше Министерството за образование и наука, наставата од двата дена кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ. 

За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата. 

-Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН откако по реакции во јавноста и од синдикатите ја повлече претходната одлука пропуштената настава да се надомести во саботи.

Со лажен сертификат за англиски јазик аплицирала за директорка и добила работа, сега ќе одговара кривично

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 25.04.2024 до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против М.В.(44), од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик.

Како што соопштува МВР, пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца - детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Р Бугарија.

- Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата, соопшти МВР.

Популарно