Педофили снимиле секс со детето – Mорничави детали кои ги потресоа жителите на Србија

1479715557420342-700x400

Упапсени шестмина мештани од Ждеглов поради сомневање дека со месеци силувале 11-годишно ментално болно девојче.

Семејствата на уапсените огорчени поради сограѓаните кои го пријавиле силувањето додека другите тврдат дека уапсените не се оние кои се иживувале над детето.

Милан С. вели за српски Курир дека по цело село се зборува дека наводно постојат фотографии од сексуалното злоставување врз детето.

– Утрово мојот малолетен внук за малку избегна линч. Сакале да го украдат ида му го скршат телефонот, бидејќи наводно тој има фотографии од осомничените.

По цело село се зборува дека е тенок аргументот на одбраната на уапсените бидејќи наводно постои компромитирачки фотографии.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно