Денеска е сабота, 15 февруари, 46-от ден во 2014 година. До крајот на годината остануваат уште 319 ден.
Денот трае 10 часа и 34 минути.
Во Скопје Сонцето изгрева во шест часот и 31 минути, а заоѓа во 17 часот и пет минути.
Месечината изгрева во 17 часот и 50 минути, а заоѓа во шест часот и 18 минути.
Временска прогноза
Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб, а долж Повардарието повремено умерен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од нула до четири, а дневната од седум до 14 степени.
Во Скопје слично време, со температура до 10 степени.
Во недела и во почетокот на наредната недела ќе се задржи стабилно, суво и доста топло време за овој период од годината. Дневната температура во недела ќе се движи од 12 до 17, а во почетокот на наредната недела од 14 до 20 степени.