Денеска е понеделник, 27 март 2017 година, 86-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 279 дена.
Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 27 минути, а ќе зајде во 17 часот и 52 минути.
Денов трае 12 часа и 25 минути.
Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 5 часот и 11 минути, а ќе зајде во 17 часот и 15 минути.
Временска прогноза
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени слаби врнежи од дожд, а на повисоките места и планините, претежно во јужниот дел од земјава, дожд и снег. Ќе дува умерен северен ветер.
Како резултат на поминувањето на ладниот фронтален систем преку нашето подрачје, денеска дневната температура на воздухот ќе опадне за 8 до 10 степени во споредба со вчерашната.
Минималната температура ќе се движи од нула до пет степени, а дневната од 8 до 14 степени.
Потоа се очекува постепено стабилизирање и затоплување.