Терористите од Куманово со иста намера и цел како и терористите од Париз

Целта на тероростите во Париз и на оние кои македонската полиција ги пресретна во Куманово е иста: предизвикување истовремени крвави терористички напади на места кои овозможуваат што е можно поголем  број на жртви.

kumanovokakoparizz

Цела ноќ светски аналитичари за големите телевизиски центри анализираа дека во Париз станува збор за добро подготвена група, која е свесна дека заминува во „последна акција“, дека целите се намерно избрани- таму каде ќе има најмногу крв, од различни нации, но и во близина на настан каде е претседателот Оланд, како и тоа да се случува одеднаш на повеќе локации за да се одземе силата на полицијата, пишува Република.

Се посочуваше на неколку пати на веројатноста тероризмот во Европа да доаѓа заради мигрантскиот бран и слободниот режим за патување, дека млади луѓе одат на обуки во терористички кампови во Сирија и се враќаат во Европа подготвени за крв.

Исходот е познат: Светот во шок, крв на улиците на градот на светлината, сведочења за ладнокрвни убиства на голобради заложници заробени во концертна сала, полициски час, над 150 жртви, огромен број повредени, и физички и психички, затворени патишта, затворена Франција. Ужас, страв, терор.

Да се потсетиме на настаните во Диво насеље во мај годинава. Политичката криза предизвикана од СДСМ прерасна во насилство кое кореспондираше со времето на навлегувањето на искусни терористи со „домашна“ поткрепа. Насилствата на протестите низ Скопје од безбедносен аспект изнуди повлекување и концентрација на безбедносни сили во Скопје. Групата во Кумановско „запоседна“ населба со поддршка на дел од локалното население во градот каде конгрес одржа владејачката партија со целиот државно политички врв, потсетува Република.

Одговорот кој што групата го пружи кон македонските полициски сили покажаа дека се работи за доброобучени, искусни воини, терористи чии што имиња потоа одекнаа во целиот регион; покажаа дека обезбедиле одлична логистика кај дел младото население. Таа група цели 15 години го тероризираше Балканот, а е создадена од лица по кои се трага меѓународно, за убиства, тероризам, насилство врз цивили и други дела.

Но, тоа што е најстрашно, подоцна се откриваат плановите со нивните цели, кои ништо не се разликуваат од оние од Париз сношти. Одбрани се цели за максимализирање на жртвите, избрани се цели каде во текот на денот или ноќта се посетувани од различни структури, безброј невини потенцијални жртви- млади, стари, родители, деца, цели семејства, туристи, странски и домашни.

Во кумановската акција загинаа осум припадници на безбедносните сили. Дел од триесетмината проведени потоа, посочиле дека тие биле поделени во групи, имале задачи да вршат напади врз различни објекти, цивилни и државни цели, полициски станици, трговски центри, Камениот мост во Скопје…

Само решителната акција на полицијата ја спаси државата од терор. За тоа колкава била бездушноста на оваа група говори и фактот дека кумановската населба била минирана од нив. Како благодарница и кон семејствата во чии што домови беа здомени терористите. По акцијата траеше деминирање од полицијата за да може да се вратат граѓаните во своите домови.

Тоа што сега светот сведочи за случувањата во Париз, доколку не реагираше полицијата, ќе се случеше и во Македонија. Акцијата во Диво насеље, и покрај сите жртви, претставува успешно спречување на огромен терор кој што не само што ќе однесеше стотина или неколку стотици цивили-жртви, туку и кој знае на каде ќе ја одведеше Република Македонија.

Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен во недела кога ќе биде претежно стабилно и потопло. Утре, како што информира УХМР, особено во источните делови, на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Утре ќе биде променливо облачно, особено претпладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Температурата ќе се движи од 5 до 22 степена.

И во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне во делови од котлината нестабилно, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Според УХМР, во сабота ќе дува засилен северен ветер, а температурата ќе достигне 21 степен. 

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на трудот ширум светот

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на трудот ширум светот.

Овој ден се одбележува во светот во знак на сеќавање на тој датум во 1886 година, кога работниците во Чикаго со штрајкови и протести ја започнаа својата борба за осумчасовен работен ден.

На првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година, беше одлучено следната година да се одржи голема манифестација со која ќе биде прославен 1 мај, како знак на сеќавање на протестите во Чикаго и како форма на борба за работничките права.

На вториот конгрес на Работничката интернационала е одлучено од 1890 година на 1 мај ширум светот да се одржуваат манифестации, демонстрации и штрајкови.

Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце

Денеска (01.05.2024) во 01.15 часот на Граничниот премин Табановце бил лишен од слобода Г.Ј.Ј.М.(27) од Шведска, поради тоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека во неговата патна исправа недостасувале страници, а исто така во неа биле и вметнувани страници од друга патна исправа.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Популарно