Трагедија: Прегазено 11 годишно дете на Партизанска

Единаесет годишно дете синоќа околу 21:30 часот било прегазено на крстосницата со булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Франклин Рузвелт“.

partizanska

Од полицијата информираат дека во момчето удрил автомобил „Ауди А4“ управуван во 25 годишниот скопјанец Т.С., кој по несреќата избегал со возилото, но за кратко време се вратил назад. Прегазеното момче било пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде му се контатирани полесни повреди и е пуштено на домашно лекување.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид и работи на расчистување на случајот, а „Аудито“ е предадено на вонреден технички преглед.

Дел од медиумите, пак, објавија дека прегазеното момче на раскрсницата ги чистело ветробранските стакла на автомобилите.

78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка

Вчера во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово - с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и  патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, соопштува МВР.

Почина таткото на Тоше, Никола Проески

По долго боледување, почина таткото на Тоше, Никола Проески.

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

„Светол патот, татко мој“, напиша таа.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. 

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше. Замина денес, на Велики четврток, после долго боледување.

Веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка, со зборовите:

-Светол патот, татко мој.

Родителите на Тоше, кој почина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска, Доминика и Никола, живееа повлечен живот по смртта на нивниот син и не се појавуваа во јавност.

Семејството Проески се уште нема објавено детали за последното испраќање на таткото на легендарниот музичар и хуманист Тоше.

Популарно