ВИДЕО: Двајца криминалци брутално претепаа и ранија полицаец во Србија

Полицаец од Нови Сад во вторникот навечер бил ранет и крвнички тепан скоро десет минути пред очите на својата сопруга. Борис Јевросимов (33) бил нападнат од свајца непознати мажи кога се враќал од гости.

Тој е надвор од животна опасност, но лекарите се борат да го спасат неговиот прст.

Јевросимов со неговата сопруга бил на гости кај кумот. Кога влегувал, забележал две непознати лица во паркиран автомобил. Сомнителните мажи се уште биле на истото место кога неколку часа подоцна, околу 2 часот утрото, полицаецот тргнал да си оди дома.

Го нападнале со зборовите: „Што е? Има некој проблем?“ по што Борис им кажал да отстапат и дека е полицаец. Тоа само уште повеќе ги револтирало, посебно кога го виделе неговиот пишто во јаканата.

Следувала крвава борба, во која, како што велат неговите колеги, Борис испаднал победник затоа што е присебен и способен полицаец. Тие успеале да го ранат со неговиот пиштол во раката, но и да му зададат стотина удари во неколку минути.

Видеото од тепачката може да го погледнете ТУКА

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно