6 кратки приказни кои ќе ве потсетат на моќта на љубовта

Честопати животот пишува љубовни приказни какви ниту најдобриот холивудски сценарист не би можел.

Овие 6 кратки приказни ќе ве потсетат колкава е моќта на љубовта:

1. Денес, два дена по смртта на мојот сопруг, ми пристигна букет кој го порачал една недела претходно. На пораката пишуваше „дури и ако ракот победи, сакам да знаеш дека отсекогаш си била жената од моите соништа.“

2. Денес победив во судски случај кој траеше долго време. Пред 14 месеци открив дека мојот сосед редовно го тепа своето куче. Затоа го „киднапирав“, па ме тужеше. Потрошив многу пари на судењето, но утрово кога се разбудив со топлина од крзнениот пријател на стапалата, знаев дека вреди.

3. Мојата ќерка дојде дома од училиште и ме праша каде може да го научи јазикот за глувонеми лица. Ја прашав зошто, и ми одговори дека имале ново девојче во класот кое зборувало само на тој јазик, па немала со кој да зборува.

4. Денес по грешка на мојот татко му испратив порака „те сакам“, која беше наменета за мојот сопруг. По неколку секунди ми врати „и јас те сакам. Тато.“ Бев трогната, бидејќи никогаш претходно не сме размениле таква порака.

5. Со дедо ми разгледувавме некои стари фотографии. Кога налетавме на една ретро фотка на која тој танцува со мојата баба, која почина пред неколку години, само ме прегрна и ми рече, „секогаш запамети дека дури и ако нешто не трае засекогаш, не значи дека не е вредно да му го посветиш целото време кое го имаш.“

6. Работам како учител веќе 20 години. Неодамна налетав на еден човек кој го учев кога беше мал. Беше тешко дете, бесно и лесно се разлутуваше. Еднаш, во обид да го смирам, седнав до него и му нацртав Спајдермен. Му кажав дека хероите на крајот секогаш победуваат. Разговаравме половина час, ми кажа дека работи како пожарникар и спасува животи. Пред да се зборуваме, го отвори паричникот и ми го покажа цртежот од Спајдермен кој го чувал сиве овие години.

Го зедов телефонот од мажот да и се јавам на другарката

Неверство, прељуба, „копање“ по телефонто на партнерот... Се се тоа „запалливи“ љубовни теми, но искустовото на една Србинка е целосна „победа“.

Таа еднаш го зела телефонот од сопругот, но само за да и се јави на својата другарка.

И подобро да не го стореше тоа.

Одговорот од другата страна беше шокантен.

ИСПОВЕД НА ДЕВОЈКА: Секој викенд имала секс со различен маж, а последиците биле фатални

Оваа Американка која била во куќа на сестринство звучи како сцена од возбудлив филм, но приказната за нејзиното возбудување има и мрачна страна, но и многу болна, која ја криела длабоко во себе и и било тешко да го признае сето тоа.

Викендите ги поминувала практикувајќи секс за една ноќ (а понекогаш тоа го правела и во текот на цела недела), а будењето следното утро било болно. Така Мередит Ли го опишала своето искуство.

– Кога си во сестринство, сексот за една вечер е како потврда. А ти сакаш потврда и тоа што почесто. За викендите ги истражувавме телата на типовите кои живееја на неколку метри од мене. Наутро ќе се искрадевме од соседните братства и трчавме да имаме колективен состанок.

Патот кон нашата куќа после сексот за една вечер беше познат како „одот на срамот". Некои ги лечеа физичките последици на мачнина и главоболки, но за оние емотивните последици никој не зборуваше.

Некои плачеа сами а некои чекаа порака од мажот со кој претходната вечер имале секс. Тие никогаш не пристигнуваа, а ние не сакавме да признаеме колку боли тоа.

Сексот за една вечер се сметаше за кул појава и ако не ти беше кул, самата сум виновна – таа култура сакаше да го мислиме тоа. Никој не ни кажа дека ноќта полна со секс без обврски, наутро е проследена со депресија и анксиозност.

Никој не ни кажа дека потиштеноста е нормална реакција. Најсрамното нешто беше тоа што ми беше срам да кажам дека сум несреќна и тоа што патев преку емоционални мамурлоци.

Во текот на неколку години секој викенд имав секс со различно момче и очекував поинаков резултат. Дури со помош на терапевт сфатив дека сексот без емоции ме повредува.

Затоа, сега кога некоја пријателка ќе ми се јави после дива вечер, не ја прашувам само како било – туку како се чувствува.

Дали го задоволувате во кревет?

Постои голем број на мажи кои се многу незадоволни од сексуалниот живот со својата партнерка. Еве како тоа суптилно го покажуваат. Проверете дали можеби и вашиот партнер е незадоволен.

Деконцентриран е

Секому му се случува да биде обземен со мисли, но мажот кој ужива во сексот со вас нема да биде во состојба да размислува за било што друго. Доколку тој има време да се грижи за работата или за обврските, она што му се случува во креветот едноставно не успева да му го придобие вниманието.

Не ве гледа во очи

Се разбира дека тој нема да ве гледа во очи цело време, но мажите кои не се задоволни со сексот најчесто избегнуваат контакт со очите за време на целиот однос. Така им е полесно да глумат дека сè е во ред.

Инсистира на пози кои вие не ги сакате

Мажот на кој му значи задоволството во креветот, како своето, така и на жената со која е, постојано се труди нејзиното искуство да биде незаборавно. Но, оној кој е незадоволен ќе престане да се грижи за партнерката и ќе почне да се фокусира единствено на себе.

Сака да го изгледа филмот до крај

Колку и да е добар филмот кој сте го пуштиле, повеќето мажи на самото спомнување на поимот секс едноставно им доаѓа да го земат далечинскиот управувач за да го стопираат филмот и да „пуштат“ акција во живо. Но, доколку вашиот партнер на вашата иницијатива ја занемарува, или одложува, преферирајќи да го изгледаа целиот филм, веројатно нема преголема желба за секс со вас.

Популарно