Кетрин Рампел , вработена во бирото за политики за контрола на раѓањето и сексуалното образование, вели дека САД има донесено одлука: „Сексот е за богатите луѓе. Поточно сексот за забава“, објаснува таа во Вашингтон Пост.
Зошто инаку не би барале сите осигурителни полиси да покриваат и контрола на раѓање за сите сиромашни луѓе да имаат пристап или соодветно финансирани програми за препродуктивно здравје? Училиштата во сиромашните области кои имаат висока стапка на тинејџерска бременост се полни со деца кои се целосно игнорантни за сексот, а никој не ги ни учи што е тоа контрацепција.
Кога ќе ги родат децата, мајките добиваат етикета на „курва“ и никој не им ја пружа неопходната помош. Кога сите овие работи ќе се земат предвид, најлесното решение за сиромашните е да немаат секс, објаснува Рампел. Логиката оди вака: ако го отежнат пристапот до услугите за планирање на семејство, и ако ги зголемат трошоците за одгледување на дете, оние што се сиромашни ќе изберат целибат. Биологијата, од друга страна, вели дека такво нешто никогаш нема да се случи.