Ако премногу се грижите, овие болести ќе ве стигнат порано или подоцна

Грижата директно влијае на желудникот, варењето на храната, слезината и панкреасот.

Секоја лоша емоција во човечкиот организам може да предизвика разни нарушувања на органите и појава на многу болести. Човековото размислување, стравовите, напнатоста, грижата, сето тоа останува длабоко врежано во човечкиот ум и тело, што е најчесто и иницијатор за многу болести.

Помеѓу емоциите и органите постои голема поврзаност. За тоа сведочи и кинеската психологија, која е продолжение на традиционалната кинеска медицина.

Постојат пет органски системи кои им припаѓаат на одредени видови емоции. Без разлика на тоа колку човекот мисли дека некои ситници се занемарливи, тие со годините ќе се таложат некаде во организмот и ќе се манифестираат во некоја тешка болест.

Затоа, потребно е на време да ги сфатите посериозно вашите емоции и колку што е можно да си помогнете самите на себе за што побрзо да ги пребродите тешките состојби.

Чувства кои влијаат на здравјето

Анксиозност – една од емоциите која има големо влијание врз човечкиот организам. Таа се дефинира како последица на преголема грижа поради одредени причини. Анксиозноста најмногу влијае на цревата и белите дробови. Анксиозноста му одзема голем дел од енергијата на човекот и со самото тоа може да дојде до губење на здив, како и воспалителни процеси во цревата и чиреви.

Радост – ова е едно убаво чувство, но генерално, преголемото задоволство создава чувства кои директно влијаат на срцето. Радоста може многу да го возбуди човекот, а поради преголема возбуда може да се почувствуваат и некои негативни вибрации кои предизвикуваат несоница, температура и вознемиреност, како и многу силно чукање на срцето.

Тага – освен што наведува солзи на очите, таа негативно влијае врз работата на белите дробови и на циркулацијата. Многу респираторни болести и оштетени бели дробови ги предизвикува токму чувството на тага. Тагата многу влијае и на човековата психа и предизвикува депресија.

Гнев – жолчниот меур и црниот дроб најмногу страдаат кај личноста која е гневна поради некоја причина. Исто така, гневот е чувство кое може да влијае на разни биолошки процеси кои кај човекот ќе предизвикаат главоболка, како и недостаток на енергија. Исто така, гневот може да го доведе организмот до вртоглавица и зголемен крвен притисок.

Грижа – ова чувство директно влијае врз желудникот, варењето на храната, слезината и панкреасот. Кога личноста премногу се грижи поради нешто, можат да се појават болни грчеви. Органите за варење се во постојан грч кај луѓето кои многу се грижат и со самото тоа не можат нормално да ги извршуваат своите функции.

Како да останете позитивни

За човекот да се ослободи од лошите емоции и стресот потребно е да почне да работи на себе. За почеток, повеќе физички активности и избегнување на луѓе кои создаваат тензии ќе помогнат. Експертите тврдат дека човекот се чувствува многу подобро кога ќе ги сподели своите емоции, а не да ги чува во себе. Доколку личноста смета дека моментално преживува некоја длабока болка, потребно е да ја сподели со некого, да му се довери на пријател или да побара помош од психолог или психијатар.

ФОТО: Изгледа не убаво, но кога ќе ја дознаете нејзината приказна ќе ви стане многу убава

Оние кои имаат или некогаш имале вишок килограми, знаат колку е тешка борбата со гојазноста.

Жаклин Адан успеала да ослабе неверојатни 136 килограми. Тоа, природно оставило последици на нејзиното тело, но успеала да се ослободи од несигурноста и да отиде на плажа и да го покаже своето тело во бикини.

Како и многу други случаи Жаклин се бори со вишокот на кожа. Сепак, наместо срам, одбрала гордост поради резултатите и нејзината напорна работа.

-„Длабоко земав воздух, се насмевнав и влегов во вода. Тоа беше навистина важен момент за мене. Се променив. Да, и понатаму имам кожа која виси, несигурна сум и се лутам кога ми се потсмеваат. Но, не дозволувам тоа да ми го расипе расположението. Никој не знае колку се намачив да се ослободам од килограмите. Не знаат дека уште заздравувам од тешки операции. Не знаат дека немаат право да вперат прст кон мене. Зстоа се насмевнав. Важна е вашата реакција и тоа како се чувствувате. Важно е да се сакате себеси. Се надевам дека се сакате себе и своето тело – им порачала таа на своите следбеници на социјалните мрежи.

Чоколадна диета: Изгубете 5 кг. за 5 дена!

Творец на диетата, Лени Неиман тврди дека причината е во тоа што црното чоколадо го забрзува метаболизмот, а со оглед дека диетата е рестриктивна не би требало да се држи подолго од пет дена.

Во текот на „чоколадната“ диета треба да се избегнува алкохолен пијалок, сол, шеќер, масно овошје како авокадо и кокос. Потоа висококалорично овошје како на пример: грозје, смокви, банани...

Пржената храна, млечни производи, црвено месо, јаткасти плодови и семки, чипс, брза храна, слатки, кафе и газирани пијалоци исто така да се исфрлат.

За да можете со оваа диета да ги изгубите очекуваните пет килограми неопходно е да бидете физички активни. Затоа освен редовните активности, вклучете три пати дневно брзо одење во траење од најмалку половина час.

Мени:

Појадок: Пуканки и овошје

Ужина: 20 г црно чоколадо

Ручек: тестенина со салата од зеленчук

Ужина; 20 г. црно чоколадо

Вечера: шпагети со домати зачинети со лук и оригано и зеленчук готвен на пареа.

Напомена: Во текот на денот пијте што е можно повеќе вода и така ќе го забрзате метаболизмот и ќе го поттикнете исфрлањето на токсини.

Млад скопјанец плати 300.000 евра за трансплатација на срце

Според д-р Жан Митрев, сопственик на специјалната болница "Филип Втори", во земјава има други пациенти кои одат во странство за трансплантација, а може да се направи во "Филип Втори" доколку се отстрани административната забрана која не им овозможува да се реализира оваа интервенција во нивната болница. Митрев уште пред 20 години направил трансплантација на срце во болница во Германија

Едно 19-годишно момче деновиве замина во странство за да му се направи итна трансплантација на срце. За да му се спаси животот државата за оваа интервенција ќе одвои од 250.000 до 300.000 евра. Но ова момче не е изолиран случај во земјава, вакви проблеми имаат многу пациенти во земјава, од мали деца до постари лица.

Според д-р Жан Митрев, сопственик на специјалната болница "Филип Втори:, во земјава има и други пациенти кои одат во странство за трансплантација на разни органи и лекување. Тој појаснува дека кај младите луѓе може да се случи многу лесно да настанат компликации кај срцето, дури и од една обична настинка и да дојде до тежок миокардит, воспаление на мускулот на срцето и еден млад човек што бил здрав во рок од неколку дена да стане многу тешко болен и да му биде неопходна итна транплантација.

-Сите овие операции, ако нема административни пречки, можат да се реализираат во нашата болница. Ние сме опремени со вештачко срце и помагаме на пациенти што се во многу тешка ситуација. Тие може со денови, па и месеци на бидат поставени на оваа машина за да можат да дочекаат органот да им се трансплантира - вели д-р Митрев, кој деновиве одбележува 20 години од неговата прва трансплантација на срце што ја направил во Германија на 36-годишна возраст и до сега извршил 15.000 операции на срце.

Тој посочи дека заедно со неговиот тим можат да направам трансплантацијата и во Македонија, но за жал денес постојат се уште административни пречки и не може тоа да се реализира, за што државата троши многу пари и пациентите заминуваат во странство.

-Не можеме долго време да добиеме дозвола за трансплантација на органи и ткива, а тоа е решение на многу пациенти од Македонија и регионот кои се соочуваат со многу сериозен животен проблем. Моја желба е да правам трансплантација во Македонија како што тоа го направив пред 20 години во Германија - нагласи д-р Митрев.

Тој појасни дека слична операција е направена во нивната болница и кај наши пациенти, но се работи за замена, односно реконструкција на самото срце на пациентот кое во меѓувреме е лекувано, а пациентот бил ставен на вештачко срце. Процедурата е иста, само што му се враќа неговото срце, а не од донор.

Трансплантација од жив донор нема, а досега се направени три вакви операции кога сопственото срце е трансплантирано.

-На еден наш вработен срцето на неговата мајка беше трансплантирано со автотрансплантација. Во 2000-та година кога го потпишавме првиот договор со Фондот ни беше дозволено трансплантација на срце и бели дробови, но за да се почне со тоа ни требаше да се добие дозвола и од Министерството за здравство. Не добивме дозвола бидејќи ни рекоа дека нема соодветна регулатива - објасни Митрев и дополни дека се работи за дозвола што ќе им овозможи тоа да го прават успешно и во Македонија.

-За овие 17 години, колку што сме тука, се уште не е донесена таква регулатива - вели Митрев и укажува дека етичките, религиозните и културолошките фактори влијаат на тоа и затоа не е лесно да се организира, оти е потребна поддршка од повеќе страни.

Уште пред 20 години во Македонија се вршеше транплантација на бубрези и тоа одлично функционираше.

-Модерните времиња дозволуваат да не се чека на трансплантација на црн дроб од донор, се почесто се прави од жив донор од компатибилен донор, односно да се земе дел од јетрата, бидејќи овој орган може да се регенерира и зголемува и потоа да се пресади на пациент - вели Митрев и дополнува дека во земјава се почесто има потреба и од трансплатација на бубрези.

Популарно