Како да имате секс без кондом, а да не забремените?

Доколку сексот со кондом не ви претставува големо задоволство како сексот без него, еве неколку трикови кои би можеле да ви помогнат.

seks_355354S1

Кога би ги запрашале мажите и жените дали повеќе го сакаат сексот без кондом или сигурниот секс, и едните и другите едногласно би гласале за она првото. И навистина, разликата е очигледна затоа што чувството е многу поинтензивно и поубаво кога ја нема гумичката. Сепак, ризикот во тој случај е многу поголем, како од сексуално преносливи болести, така и од несакана бременост.

Токму поради тоа ви нудиме неколку начини на кои можете природно да се заштитите, а притоа да не морате да се грижите за негативните последици.

Извлекување на пенисот пред ејакулација

Меѓу најстарите и најчестите природни методи на контрацепција спаѓа извлекувањето на пенисот од вагината непосредно пред ејакулација. Оваа метода е исклучително несигурна, пред сè поради тоа што до излевање на сперматозоиди може да дојде и пред оргазмот, но и затоа што многу мажи не можат во целост да ја контролираат ејакулацијата. Се препорачува исклучително во случаи кога му верувате на партнерот.

Период на овулација

Жените знаат дека во нивниот менструален циклус постојат плодни и неплодни денови. Плодниот период се нарекува овулација. Со методот на овулација или следење на менструалниот циклус се предвидува дека таа се случува на 14 ден пред менструацијата. Но сепак, нашето тело не е робот и само мала хормонска нерамнотежа поради нервоза или стрес може да го попречи овулацискиот циклус. Методот на овулација е приближно еднакво несигурен како и методот на извлекување на пенисот од вагината пред оргазмот. Затоа бидете внимателни.

Метод на мерење на телесна температура

Овоаа метода за одредување на моментот на овулација служи за секојдневно мерење на базалната телесна температура. Базалната температура жената ја мери наутро веднаш по будење. Во првата половина од циклусот телесната температура е под 37 степени Целзиусови. Приближно два дена после овулација температурата се зголемува за околу 0,2 до 0,4 степени и таква останува во текот на другата половина од циклусот. Под 37 степени се спушта пред менструација. Што значи, кога температурата ќе ви се зголеми, тогаш сте плодни.

Сепак, треба да се спомне дека на промена на базалната температура може да влијае и неспиењето, мала настинка и други фактори, затоа секогаш бидете внимателни.

Коментари

Популарно