ВИДЕО: Најтешката работа во светот! Би ги прифатиле овие услови?

Mаркетинг агенција од Бостон решила на креативен начин да ја прикаже најтешката и најубавата работа, а со тоа и да провери на што сè се подготвени младите.

bi-aplicirale-za-najteskata-rabota-vo-svetot-bez-plata-01

Истовремено сакала да ги натера да сфатат која е најтешката работа во светот за која можеби не се свесни.

Огласот се ширел на интернет и во весниците, а интервјуата се одвивале на Skype преку камера. На тој начин може веднаш да се видат реакциите кога „директорот“ им ги соопштува условите:

- постојано стоење

- треба да работите минимум 135 часови неделно

- неопходен е постојан напор

- мора да знаете речиси сè од областа на медицина, финансии и кулинарство

- нема одмор

- работата за време на празниците уште повеќе ви се зголемува

- нема време за спиење

- нема плата

Оваа работа постои вистински, само што нема оглас за неа. Речиси секој ја има доживеано во текот на животот.

Некој ја работат и целиот свој живот и за тоа заслужуваат најголема благодарност. Можеби не ви се верува, но ова навистина е најтешката и најубавата работа за која нема плата.

Погодувате за што се работи?

Реакциите погледнете ги во видеото, сигурно и вашите би биле исти! Но, крајот го краси делото.

Коментари

Популарно