ВИДЕО: Погледнете како Фифи ја имитира Цеца

Бившата финалистка на Х фактор Фифи Јаневски,  на едно излегување ги забавуваше пријателите со песна. На снимката до која дојде белградски Телеграф, младата македонска пејачка покажува како репертоарот на фолк ѕвездата цеца Ражнатовиќ добро и прилега.

fifi-11

Таа пријателите ги забавуваше со хитот Пиле, што остава простор за размислување дали би можела да се најде во фолкерските води во иднина.

Фифи вели дека не пее многу домашна музика, бидејќи во главно слуша странска, но некои песни на цеца ги знае и ги сака. Инаку Фифи е во Белград од завршувањето на х Фактор и напорно работи на нови песни и со задоволство би ја запознала Цеца!

Коментари

Популарно