Дел од светот гладува, но милиони тони храна завршуваат на депонии

Според истражувањата, развиените земји годишно фрлаат речиси иста количина на храна која ја произведуваат субсахарските земји.

organska-hrana

Комисијата на британскиот Парлемант препорача итна акција кога се работи за фрлање на храната, а почнаа со остри критики упатени до супермаркетите. Тврдат дека малопродажните синџири треба да преземат поголема одговорност за храната која ја продаваат по акции од типот 1 плус 1 гратис, бидејќи таквите кампањи, проблемот со фрлањето на храната едноставно го префрливаат на потрошувачите.

Во Велика Британија речиси 15 милиони тони храна завршуваат на депониите секоја година. Прашањето е зошто? Новинарот на Ал Џезира Фил Лавел, кој се јави од Лондон истакна дека одговорот лежи во стариот закон за понудата и побарувачката.

Производителите на храна плаќаат големи казни ако не ја достават доволната количина на стока и затоа, за секој случај, создаваат вишок. Но, проблемот е што супермаркетите не сакаат вишок во резервите па користат маркетиншки трикови, како попусти или 1 плус 1 гратис, па купувачите купуваат повеќе.

Затоа многу производи завршуваат на отпад. Дури 42 отсто храна завршува на депониите секоја година, бидејќи купувачите купуваат повеќе од што им е потребно. Исто така, супермаркетите доцна ги откажуваат порачките, па така производителите фрлаат 39 отсто храна која ќе ја произведат. Така супермаркетите избегнуваат вишок на резерви, но проблемот го пренесуваат понатаму.

- Супермаркетите ни признаа дека кога се работи за стока како овошје и зеленчук, купувачите не се двоумат да купат дополнителен производ ако е на акција, без оглед на тоа дали ќе го конзумираат или не – вело Баронес Скот, истражувачка за храна на отпад.

Прашањето на декларацијата на пакувањата

Но Лавел од Ал Џезира истакна уште еден проблем – многу купувачи не ги разбираат декларациите на пакувањата.

- На пример, на некои производи, како на млекото, пишува најдобро употребливо до 8 јули. Доволно време млекото да се испие. На други производи пишува рок на употреба. На овие пилешки крилца рокот истекол вчера. Но, тоа е само насока. Истекот на рокот не значи дека храната не е здрава за конзумирање. Но во реалноста, многу луѓе кога ќе видат дека рокот е истечен, храната едноставно ја фрлаат во корпа за смет – вели тој.

Дури и супермаркетите признаваат дека постои проблем. Еден од најголемите британски синџири лани ја следеше продажбата во 25 свои најголеми супермаркети. Открија дека 40 отсто јаболки од полиците директно одат во отпад. Ист случај е и со една петтина банани, додека речиси половина пецива никогаш не стигнуваат до купувачите.

Истражувањата покажуваат дека развиените земји годишно фрлаат речиси иста количина на храна која ја произведуваат субсахарските земји. Грешка во пакувањето, или можеби во колективната свест?

Коментари

Популарно