Вонредна состојба во Србија - Се излејаа 4 реки!

Во општина Лучани, Западна Србија, беше прогласена вонредна состојба, откако реката Бјелица излезе од коритото и нанесе големи штети врз многу домаќинства, јави Танјуг.

srbija.jpg500

Вонредна состојба е прогласена и на територијата на општините Куршумлија и Пожега. Најсериозна ситуацијата во моментот е во Куршумлија каде е упатена Војската на Србија.

Во Лучани загрозени од поплави се 30 куќи, поплавени се 300 хектари обработливо земјиште, а водата навлезе во административната зграда и работните простории на фабриката „Милан Благоевиќ“.

Министрите за одбрана и земјоделство во српската Влада во оставка Небојша Родиќ и Драган Гламочиќ ги посетија денеска поплавените области во Лучани и изјавија дека вакви нешта се повторуваат секоја година, поради што е неопходна реорганизација во јавните претпријатија, бидејќи небрежноста е очигледна.

UntitledЧетири реки во јужна Србија се излеаја од своите корита во текот на минатата ноќ, како последица на поројните дождови кои последниве денови врнат во регионот.

Најкритично е во реонот долж реката Топлица која поплави десетина куќи во селото Кастрат во општина Куршумлија.

Градоначалникот на Куршумлија, Родољуб Видиќ изјави дека припадници на Секторот за вонредни состојби при српското МВР во текот на целата ноќ поставувале вреќи со песок на брегот на Топлица, но на крајот надојдената вода се прелеала преку насипите и го поплавила селото Кастрат.

- Ситуацијата е многу тешка, бидејќи нивото на водата во реките продолжува да расте. Постои опасност од поплавувања на многу станбени згради и во Куршумлија, нагласи претпладнево Видиќ.

Јавното претпријатие „Патишта на Србија“ соопшти дека поради излевање на реката Јошаница, целосно е во прекин сообраќајот на патните правци Бујановац - Јошаничка Бања и Јошаничка Бања - Дрење во јужна Србија.

Коментари

Популарно