Русите и Украинците си разменија остри велигденски пораки!!!

Патријарсите Филарет и Кирил, поглаварите на православните цркви на Украина и на Русија, п разменија остри велигденски пораки покажувајќи ја длабоката криза и големата поделба што во овој момент постои меѓу двете држави.

mitropolit ruski

Украинскиот патријарх Филарет ја обвини Москва дека извршила „агресија“ врз неговата земја, а Русија ја означи како „зло“ во светот.

Рускиот патријарх Кирил, во истовреме, од Москва побара од Господ да ги „спречи плановите на оние кои сакаат да ги разделат Русија и Украина“.

Пораките доаѓаат во време кога проруските групи во источна Украина одбиваат да се повлечат од зградите на украинските државни институции,иако за тоа беше постигната согласност на четворната конференција во Женева меѓу Русија,Украина,ЕУ и САД.

Во Доњецк проруските сили прогласија „Доњетска република“ и го промовираа своето ново знаме.Тие најавуваат одржување референдум,како оној во Крим,за приклучување кон Русија.

Властите во Киев и Западот за делувањет на овие групи ја обвинуваат Москва,што од руска страна категорично се отфрла. Руското Министерство за надворешни работи ги обвнува припадниците на ултрадесничарите во Украина и припадниците на „Десниот сектор“ за нападите врз Русите и врз руското население во источниот дел на земјата.Москва е гневна дека токму овие сили кои Киев ги толерира,се виновни за десетината мртви за време на пукотниците во градот Славјанск.

Патријархот Филарет ја обвини Русија за дејствувањето против, како што рече, мирољубивата украинска држава која доброволно се откажа од своето нуклеарно оружје“.

Привремениот украински премиер Арсениј Јацењук во велигденската порака го обвини рускиот претседател Владимир Путин за намерата да го обнови некогашниот Советски Сојуз.

Коментари

Популарно