Германски медиуми: Чудесниот Ангелов ги маѓепса ракометарите на Фленсбург

Фленсбург повторно е пред голем предизвик на кој екипата не успева да одговори трипати во својата историја, и да го мине четвртфиналниот двомеч, откако во ракометната Лига на шампиони е воведен завршниот турнир во Келн. Вардар одигра стабилно, цврсто и има одличен резултат пред реваншот во Скопје.Чудесниот голман Петар Ангелов просто ги маѓепса ракометарите на Фленсбург, пишуваат германските медиуми.

hitportal-petar-angelov-260x173

Во статијата на реномираниот „Кикер“, популарниот Диви доби заслужени комплименти за серијалот неверојатни одбрани, а новинарите го истакнаа и извонредниот учинок на Игор Карачиќ, кој беше најефикасен на мечот со 9 гола.

„Македонската ракометна сензација го урна Хамбург, а и во Фленс арената беше рамноправен противник. Ангелов беше несовладлив, а Фленсбург повторно стравува. Проклетството од 2009, 2011 и од 2013 година кога тимот не успеа да ја мине четвртфиналната фаза повторно се наѕира. Победата е со мала разлика и не е воопшто гаранција за пат во Келн на завршниот турнир за титулата“, стои во текстот на „Кикер“ посветен на првиот четвртфинален дуел меѓу Фленсбург и Вардар, што заврши со резултат 24-22 за Германците.

Коментари

Популарно