Реката Сава и во Хрватска прави проблеми

Нивото на реката Сава кај Славонски Шамац постојано е во поратс, затоа во текот на ноќта е прогласена вонредна состојба  во делот на Бродско-посавската жупанија во Хрватска.

На удар на водениот бран на Сава се најде Славонски Брод каде денеска исто така се очекува прогласување вонредна ситуација, јавуваат хрватски медиуми.

Sava Hrvatska

Водостојот на реката Сава утрово беше 905 сантиметри што е за 20 сантиметри повеќе од досега највисокото ниво.

- Од ноќеска на сила се вонредни мерки за одбрана од поплава, на располагање се ставени единици на цивилната заштита како и тимови, механизација и опрема за градските фирми, изјави Миро Дуспара, градоначалник на Славонски Брод. Водостојот на Сава кај Жупањ е 1.159 сантиметри, повеќе од досега рекордното ниво за 1,20 метри.

Поплавите веќе ја зафатија Славонија во Хрватрска

Коментари

Популарно