10 најголеми и најлоши поплави во човековата историја

Човекот поминал низ многу тешки и страшни услови од своето постоење. Меѓу тие услови со кои луѓето се соочуваат, спаѓаат и природните катастрофи, како поплавите. Поплавите се една од најлошите можни елементарни несреќи. Тие се во состојба да убијат илјадници луѓе, да уништат имот и да ги збришат од лицето на земјата посевите и стоката.

poplavite

Поплавите предизвикуваат ненадоместливи и огромни загуби. Некои луѓе веруваат дека ваквите несреќи се Божји знак дека крајот на светот е блиску. Ви претставуваме десет најголеми и најлоши поплави во човековата историја.

10. Поплавата на Северното Море од 1212 година

Оваа поплава почнала во јуни 1212 година во Холандија и однела околу 60.000 животи. Било потребно околу шест месеци за санирање на последиците. Во тоа време немало технологија која би предупредила на циклон кој се наближува, а да постоела сигурни би биле спасени илјадници животи. Спаѓа во една од најлошите природни катастрофи во историјата на Холандија.

9. Поплавата на Света Луција

Света Луција ја погоди Холандија и северна Германија на 14 декември 1287 година. Бурата била одговорна за несреќата која однела околу 80.000 животи. Поплавата која ја предизвикала бурата, била наречена по Света Луција, која се славела еден ден порано. Некои места биле целосно поплавени.

8. Поплавата на реката Јангцекјанг во 1911 година

Поплавата на Јанге од 1911 година била една од најсмртоносните несреќи кои ги доживеала Кина. Оваа река тече 6.418 километри од глечерите до истокот на Кина. Претставува основен извор на наводнување, транспорт и санитација во Кина. Најголемата хидроелектрана на светот била изградена токму на оваа река. Во 1911 година Јангце поплавила и усмртила околу 100.000 луѓе. Околу 40.000 луѓе оставила без домови и направила имотна штета од неколку милијарди долари.

7. Поплавата на делтата на Црвена река и Ханој

Во текот на војната во Виетнам во 1971 година Црвената река на 1 август во својата делта почнала да поплавува и усмртила над 100.000 луѓе. Градот Ханој се наоѓа веднаш над нивото на морето, што придонело за оваа катастрофа.

6. Поплавата на Свети Феликс

Свети Феликс ја погодила Холандија на 5 ноември 1530 година, кога голем дел од земјата бил под вода која однела над 120.000 животи. Денес потопените градови се претворени во области на слатина, но тогашната загуба е проценета на над 100 милиони американски долари.

5. Поплавата на реката Јангцекјанг во 1935 година

Најдолата река во Азија и трета најдолга река во светот, во 1935 година уште еднаш предизвикала поплава. Загинале над 150.000 луѓе, а голем број на преживеани останале без домови. По поплавата се појавиле и многу болести во земјата, како маларија, дерматитис и туберкулоза.

4 Тајфунот Нина

На реката Ру во градот Џумајден во 1949 година била изградена Бањкао брана. Произведувала 20 гигавати струја и многу градови зависеле од струјата на оваа брана. Во август во 1975 година дефект на браната довел до поплава на половина Кина. Над 160.000 луѓе загинале, а околу милион останале заробени над девет дена. Штетата била проценета на над 500 милиони американски долари.

3. Поплавата на реката Хуангхе од 1938 година

Додека втората кинеско-јапонска војна била во полн ек, Кина се наоѓала под голем притисок бидејќи не и успеал ниту еден напад. Тогаш се одлучиле да подигнат капија од браната на реката Хуангхе, што подоцна довело до несреќна поплава која однела околу 800.000 животи, ги уништила посевите и земјата ја направила неплодна.

2. Поплавата на реката Хуангхе од 1887 година

Поплавата од 1887 година била разорна за Кина. На тој 28 септември речната вода преплавила и усмртила над 900.000 луѓе. Околу два милиона луѓе останале без домови, а околу 50.000 квадратни километри земјиште било поплавено.

1. Кинеската поплава од 1931 година

Поплавата на централна Кина од 1931 година се смета за најсмртоносна несреќа на светот. Почнала во јули во 1931 година кога реките Хуангхе, Хуај и Јангце надошле и усмртиле околу 2.500.000 луѓе на спиење. Се верува дека од оваа поплава биле погодени вкупно 28 милиони луѓе.

Коментари

Популарно