Дами преживејте го светското фудбалско првенство

Денес почнува Светско фудбалско првенство, а за сите оние припаднички на поубавиот пол кои не знаат колку играчи има еден тим преставуваме мал водич за преживување на мундијалите.

girl-watching-football-600x350

1.Важно е да запаметите дека СП во фудбал се одржува секоја четврта година. Треба да издржите само еден месец на секои четири години.

2. Првенството се игра во Бразил и тоа во вечерните термини поради временската разлика. Најраните натпревари почнуваат во 18 часот, а најдоцните на полноќ. Вечерва Хрватска и Бразил го отвораат првенството во 22 часот. Искористете го затоа попладнето за дружење со мажите, а вечерите препуштете им ги и немојте да прашувате кога се вратил дома од гледање на натпревари.

П.С. Натпреварот трае 90 минути, плус полувреме, евентуални продолженија и пукање на пенали.

3. Најдобро е да во деновите кога трае СП не планирате заеднички активности со вашите посилни половини. Искористете го тоа време за себе и надоместете ги пропуштените планови.

4. Обидете се да му дадете шанса на фудбалот и одгледајте барем еден натпревар со вашиот сопруг, момче, татко, другар… Ако поради ништо друго тогаш поради тоа што има навистина згодни фудбалери. Но еден совет е да не ги коментирате сексапилните фудбалери пред посилните половини.

5. Договорете заеднички активности во термини кога нема натпревари. Заминете на излет во сабота, на пример, или резервирајте викенд за двајца откако судијата ќе го означи крајот на првенството.

6. Ако сакате да заработите дополнителни поени, наполнете го ладилникот со неговиот омилен пијалак и обезбедете доволно грицки. Предложете му да ги повика пријателите и да гледаат фудбал кај вас.

7. Најдете му работа во период кога не гледа натпревар. Нека фрли ѓубре, измие садови и ви помогне во домашните работи. Но немојте ова да му го предлагате додека трае натпреварот.

8.Ако сакате мир во куќа, немојте да му кажете дека „тоа е само игра’ ако неговиот тим го загуби натпреварот.

Коментари

Популарно