Сите детали за дводневната свадба на Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ

Свадбена прослава на Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ е закажана за 9-ти и 10-ти јули. Мeдиумите од неговата родна Србија нема да можат да присуствуваат на церемонијата и прославата. Дури и фотографии ќе треба да ги преземат од странските медиуми на кои ќе им биде дозволено да ја пренесат атмосферата од свадбата.

Jelena-Ristic-and-Novak-Djokovic-650x325-520x260

Церемонијата ќе се случи на црногорскиот остров Свети Стефан, а сите кои учествуваат во организацијата имаат потпишано договор преку кој ја гарантираат нивната дискреција, зашто во спротивно ќе платат голема парична казна. Јелена и Новак внимателно ги испланирале сите детали во врска со големиот ден  во нивниот живот. Па така светските медиуми кои ќе ја овековечат свадбата во целост за истото имаат исплатено неколку стотини илјади евра што ќе бидат доделени за хуманитарни цели во фондацијата на тенисерот.

За вработените на најлуксузното летувалиште на Јадранот, односно оние кои ќе бидат задолжени со обврски на венчавката има посебни правила. Употребата на мобилните телефони дозволена е само надвор од салата во која ќе се случува забавата. Според информации на странските медиуми веќе се е подготвено за свадбата, а познато е  и тоа дека младенците во Црна Гора ќе стигнат од Лондон.

sv-stefan-650x487-520x389

Засега не се знае кои ќе бидат музичарите што ќе ги забавуваат, но според агендата на организаторите тие треба да бидат два дена порано заради пробите. Засега сеуште се нагодува дека сведок пред матичарот ќе биде тенисерот Виктор Троицки, кој со младоженецот е пријател како на теренот така и приватно. Познати се фактите дека свадбата ќе трае два дена, гостите како подарок ќе даваат пари кои ќе бидат наменети за хуманитарни цели, поканети се 150 гости, од кои 50 се ВИП.

Jelena+Ristic+Arrivals+Novak+Djokovic+Foundation+inY0h5-lvRwx-440x650

Коментари

Популарно