Од сирмашно момче до милијардер, па ги донирал сите пари!!!

Некогаш бил сиромашно момче кое заработувало превозувајќи луѓе, а потоа станал еден од најбогатите луѓе во Кина, благодарение на продажбата на недвижнини и живеел живот каков што многумина посакуваат.

milijarder

Неговите пари ќе бидат распоредени на стипендии за талентирани сиромашни студенти, обнова на земјата од силниот земјотрес од 2008. година, како и за плаќање на операции за катаракта, со што и самиот имал многу проблеми.

Повеќето од богаташите сакаат најпрво на своите деца да им обезбедат луксузен живот, но не и Ју Пенгјан. На прес конференцијата за тестаментот, Пенгјан изјавил дека сето свое богатство, кое се проценува на 1,2 милијарди долари, ќе даде во добротворни цели.

Неговите пари ќе бидат распоредени на стипендии за талентирани сиромашни студенти, обнова на земјата од силниот земјотрес од 2008. година, како и за плаќање на операции за катаракта, со што и самиот имал многу проблеми.

Тој вели дека секогаш давал пари во добротворни цели, бидејќи и самиот бил сиромашен.

“Моите деца не се противеа на оваа идеја. Доколку се способни, не им се потребни моите пари. Доколку не се, оставање на богатството ќе им донесе само штета”, ја објаснува својата одлука Пенгјан, кој инаку е првиот Кинез кој донирал повеќе од 1 милијарда долари.

Коментари

Популарно