Ѕвездата на Икс Фактор ќе го отвори Пивофест во Прилеп

Победникот од „Х фактор“, Даниел Кајмаковски ќе го отвори претстојниот 12. „Пивофест“ што ќе се одржи од 17 до 20 јули, соопштија на денешната прес-конференција во Локалната самоуправа во Прилеп.

daniel-kajmakoski-1385947027-406199

- Како организатори ќе настојуваме сите гости не само да се забавуваат, туку и да ги разгледааат убавините и знаменитостите на градот. Затоа постојано ќе функционира туристичкиот (пивски) воз кој на посетителите не само што ќе им нуди разгледница на знаменитостите, туку гостите ќе може да се послужат со пиво. Ќе функционира и пивскиот велосипед, нагласи градоначалникот Марјан Ристески. Фестивалската програма ќе ја отвори Даниел Кајмакоски, кој на денешната прес-конференција истакна дека му претставува огромна чест што ќе настапи на една голема и популарна манифестација како што е „Пивофест“.

- Многу ми е мило што нашата земја има вакви познати манифестации надвор од границите. Интензивно се подготвувам за настапот. Ќе пеам песни од „Х-фактор“, некои нови, странски и македонски и ќе се трудам посетителите да бидат задоволни, рече Кајмаковски. Организаторите очекуваат на 12-от „Пивофест“ околу 300 илјади посетители за време на сите фестивалски денови од земјава и од странство и да се срушат рекордите во пиење пиво и јадење скара.

Коментари

Популарно