Македонците го започнаа проектот „Солун 2014“!

Денеска читам дека Ангела Меркел зборувала како Македонија мора да влезе во НАТО И ЕУ. За да се оствари сонот на 90% од народот кој живее Македонија треба само да се реши спорот со Грција. Треба да се постигне компромис, при што вели Меркел и двете страни ќе бидат несреќни! Меркел е голем политичар и интелект, најверојатно најмоќната личност во Европа и најмоќната жена во светот, но оваа нејзина изјава е сериозно погрешна. Зошто и двете страни да бидат несреќни, кога можат да бидат, односно се совршено среќни? Не ми верувате? Еве факти:

1373913176-1373904081-1372860663-Sk2014_001

1. Ќе почнам со соседот. Грција во моментиве има монопол на историјата на Александар, за кој цел свет верува или учи дека бил Хелен. Грција има апсолутна власт и сопственост на цело Солунско поле и нема никаква опасност дека ќе се активираат тужбите на Македонците кои беа протерани од Егејот, во Европскиот суд за човекови права во Стразбург. Тие никогаш нема да ги добијат своите имоти назад. Никогаш нема да се спомене егзодусот на население во 20-тиот век во Европа, бидејќи ќе нема кој да го спомене. Грчките политичари и понатаму ќе го користат прашањето за ФИРОМ и победата над Американците за дневни политички поени. Грците ќе се чувствуваат како победници, па во жарот на победата ќе уништат некое македонско возило. Туристи од „Скопје“ ќе доаѓаат и ќе ја полнат касата....итн.

2. И кај нас ситуацијата е слична. Верувале или не, и ние сме среќни со овој развој на настаните. Како инаку ќе го обајсните следново: Веќе 24 години слушаме за ЕУ и НАТО како наш единствен пат. Во првите 10-тина години само зборувавме, а работевме спротивно од сите норми на модерниот западен свет. Се до 2001година и Рамковниот договор, ЕУ за наш беше само мисловна именка, но потоа се сменија работите. За истото сведочи и нашиот напредок во ЕУ, а посебно НАТО. И конечно ги исполнивме критериумите за воената алијанса, но Букурешт се покажа кобен по втор пат за нашата држава. Грција пред цел свет застана пред САД и го направи она што ретко кој има храброст, рече НЕ! И токму кога се очекуваше народот да сфати како стојат работите...ние докажавме дека не сакаме во ЕУ и НАТО. Не, не се однесува ова за прашањето за менувањето на името. Впрочем и тоа нема да го реши проблемот. Зборувам за сосема друга работа. Зборувам за „Скопје 2014“! Проектот на безброј споменици, неколку мостови и градби јасно покажа дека ние не сакаме во ЕУ. „Скопје 2014“ е проект за кој се зборува веќе 4-5 години. Иако има луѓе на кои повеќето од градбите им се допаѓаат, не знам ниту еден кој ќе ги оправда средствата потрошени при истиот, освен можеби владата. Народот постојано се бунтува и наоѓа разни други можни варијанти кои според нив би биле подоходовни за Македонија и со тоа би го поправиле стандардот. Фабрики, фарми, патишта, хотели.... се дел од идеите како населениото би ги потрошило тие пари. „Скопје 2014“ е проект вреден околу 300.000.000 евра. 300 милиони евра во споменици, градби во барок стил, споменици, мостови, споменици, споменици и споменици.300 милиони евра кои ако се послушаше народот ќе се потрошеа „многу подобро“ и ќе го поправеа неподнсоливиот живот во Македонија. Ако Владата му ги дадеше парите на народот, народот ќе..... ќе одеше на одмор во Грција! Да, да тоа ќе направеше, впрочем тоа го прави секоја година. Секоја година „Скопјаните“ остваат над 300.000.000 евра во Грција, и тоа само за туристичката сезона. Тука не влегуваат шопинзите и кафињата во Солун преку цела година. Само за 3 месеци на Грција и подаруваме „Скопје 2014“ секоја година! Истите оние 90% кои сакаат во ЕУ и НАТО и плукаат по владата за „Скопје 2014“, секоја година го финансираат со 300 милиони евра главниот и во моментов единствен противник и спречувач на тој сон! Парадокс кој може да биде објаснет само на два начина:

1. Во Македонија живее сериозно глупав народ кој никогаш не сака да превземе одговорност и на кој секогаш некој друг му е крив, или

2. Ние не сакаме во ЕУ и НАТО, супер ни е вака!

Јас не сакам да верувам дека сме толку глупави, па се решив за изборот под реден број два. Кој е вашиот избор?

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно